Zelezenmostsonce fin

9.05.2020

Со шесте новозаболени, денеска, вкупниот број се искачи на 107 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај. Ова е петта жртва на опасното инфективно заболување во градот.

Xakcelerator fin

8.05.2020

Платформа за видео – конференции создадена од македонскиот стартап Vidict им помогна на Фондацијата ПРЕДА Плус од Битола и X – Factor Accelerator од Велес за прв пат во Македонија да го хостираат првиот ONLINE DEMO DAY од проектот што посветено го реализираат во изминатите месеци.

Veleskomercijalnabanka fin

8.05.2020

Повторно ден во кој Велес има најголем број на новозаболени од инфективното заболување. Според статистиката на Министерството за здравство денеска кај шестмина велешани е дијагностицирано присуство на коронавирусот и сите се во роднинска врска со веќе инфицирани велешани. Бројот на оздравени денеска изнесува седум граѓани. Сите добиле втор негативен тест од земени брисеви.

deponija fin

8.05.2020

Пријавил во Општина Велес, кај општинската инспекторка за заштита на животна средина, на крајот на ископот и танспортирал во Малезија прва, пробна количина од 100 тони троската од велешката топилничарска депонија концесионерот, фирмата „Кепс Монт Гроуп” ДОО Скопје. Ова се случило лани на 14 декември, поточно два ипол месеци откако општината ја издаде Б Интегрирана еколошка дозвола на концесионерот.

Veroljub finfin

7.05.2020

На Денот на македонската полиција вработените од Секторот за внатрешни работи Велес на плоштад „Сармаале“, во центарот на Велес, поделија заштитни маски, ги опоменуваа граѓаните и делеа совети за почитување на мерките за заштита од коронавирус.

Kocevski pres1

7.05.2020

Осум од постоечки кластер на конфекциска куќа и еден член на Советот на Општина Велес се новозаболени од „Ковид 19“ денеска во Велес. Со нив вкупниот број на заболени во градот изнесува 93 и ако се додадат двајца во населба Чашка, во Општина Чашка, бројот изнесува 95 граѓани. Вчера почина четвртиот велешанец. Станува збор за маж на 72 годишна возраст чија здравствена состојба се ископлицирала во текот на денот а смртта настапила вечерта. Во моментов статистиката покажува дека во Велес има 47 активно болни, од кои тројца се од Чашка додека број на оздравени изнесува 44 граѓани, кои се потврдени со два негативни теста.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново