8septemvripopladne fin

17.05.2020

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти. Четворица од нив се велешани. Но во градот има пет новозаразени од инфективното заболување.

veles fin

16.05.2020

Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти. Меѓу нив двајца се велешани заедно со осум од Скопје, по двајца од Прилеп и од Струга и по еден од Гостивар и од Кратово.

Andreev fin

16.05.2020

Др Игор Андреев е дипломец на Факултетот за електротехника и информациски технологии на УКИМ – Скопје и  во 2014 година докторира на Економскиот факултет на УКИМ - Скопје. При тоа промовира методологогија за креирање позитивен имиџ на населените места за привлекување инвеститори, туристи и слично со што станува прв доктор на науки во државата на конкретната област. Тој е именуван вчера на седница на Советот на Вардарски плански регион за нов негов в.д раководител. 

Osnovensud fin

15.05.2020

Согласно препораката на Здружението на судии на Република Северена Македонија од 29 април, годинава, со која се препорачува на судиите на индивидуална и доброволна основа да донираат најмалку 20% од платата за месеците април и мај на сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот Ковид 19, заклучно со 15 Мај 2020 година, 14 од вкупно 16 судии на Основен суд Велес, видливо донираа парични средства во вкупен износ од 162.892,00 денари. Овој износ е одвоен од платата за месец април 2020 година.

Velespanorama fin

15.05.2020

Едно се инфицирало од член на семејството а второто од близок пријател. Во Велес има 48 активни случаи на вирусот, велат од Центарот за јавно здравје. Дваесет инфицирани сограѓани се лекуваат на Инфективното одделение во велешката болница а вчера попладне една пациентка, поради влошена здравствена состојба, е пренесена на Инфективна клиника во Скопје. Втора пациентка, по два негативни теста на земен брис, е оздравена и пуштена на домашно лекување.

Kocevski14.05

14.05.2020

Лоцирани се сите извори на зараза од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Велес со тоа тие состојбата ја држат под контрола. Во последното деноноќие се регистрирани двајца новозаразени велешани или во Велес вкупно инфицирани, до денеска, се 111 граѓани. Исто така во евиденцијата на оздравени граѓани се евидентирани тројца со два негативни тестови. Се очекуваат резултатите со кои за целосно оздравени ќе се водат уште седум пациенти.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново