Minister Dimkovski so Kocevski fin

За четиринаесет дена изведувачот на градежните работи ќе ги започне изградбата и асфалтирањето на постоечкиот земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково како и асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет Пешти. Ова денеска го договориле Градоначалникот на Велес Аце Коцевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на работната средба во општина Велес. Проектите на општината се финансирани од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.

Zelenanafta1

И покрај тоа што градинарите се вклучени во директните плаќања на министерството за земјоделство со субвенција од 3 денари за предадено градинарско производство во преработувачка индустрија и од лани се корисници на зелена нафта сепак цената на доматите и пиперките што ги продаваат годинава не е пониска од едно евро за килограм во внатрешноста на државата. За жал годинава тоа е така, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски поради диктирањето на цената од страна на пазрот.

svrbitola fin

Полицијата вчера го приведе Д.Д. од Велес и се очекува од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола да биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Sekernskasiroka fin

Се подмладува АРМ. Денеска решенија добија 125 и уште толку професионални војници ќе бидат примени на работа до крајот на годината. Процесот ќе трае и во наредните години, во кои од државниот буџет ќе се издвојуваат повисоки суми средства за одбраната, се додека не се постигнат проектираните 2 проценти од брутодомашниот производ, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа најави од септември ново покачување на платите за 5 проценти по ланските 10 отсто и продолжување на континуираната исплата на дневници за дополнителната работа. Во Командата за обука во Велес денеска нови 125 професионални војници добија договори за професионален ангажман. 

topolapadnala fin

Дрвото го исекол граѓанин на место помеѓу железничките станици Јане Сандански и Драчево околу 18.30 и при туркањето наместо во реката Вардар тоа паднало врз железничката пруга Скопје - Велес. Тополата ја искинала контактната мрежа со напон од 25 илјади киловати и направила штета на пругата. Тоа е причина за 3,5 часовниот целосен прекин на сообраќајот, синоќа, во железничкиот сообраќај во централниот дел на државата.

dedoTamara fin

Скопскиот Апелациски суд ја потврди првостепената казна за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново