Kocevskisomasaka fin

30.04.2020

Споредбените податоци на вкупниот број на жители со бројот на заболени граѓани во Велес покажуваат дека градот се наоѓа на четврто место со 1,25 заболени на 1.000 жители, после Куманово кое што има 3,64 заболени, Дебар со 2,61 заболени и Прилеп со 1,91 заболени на илјада жители додека по него следуваат Струга со 0,10 заболени, Скопје со 0,09 заболени и Тетово со 0,078 заболени на илјада жители. Но Велес не е во групата на градови што добива државна помош како дел од мерките за справување со Ковид 19.

veroljub finТарифното броило на приклучокот за ектрична енергија во домот на починатите мајка и син, Катица и ВанчоМанојлови, регистрира потрошувачка на струја до месец јануари, годинава а Судска медицина тврди дека старицата и нејзиниот син починале на почетокот на месец март, годинава.

 Velesnoke1 fin

28.04.2020

Еден велешанец и двајца граѓани на Неготино се единствените кои не го почитувале полицискиот час и забраната за движење, ноќеска, и наместо да седат дома се шетале на улица, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

Gemigjii naslovna

28.04.2020

Го изградивме, во 2003 година, монументалниот споменик, Нов Мост во Велес го нарековме според нивното име Мост Гемиџии,спортската сала го носи името „Гемиџии“ и се обидуваме на различни начини да им оддадеме должна почит во име на минатите, сегашните и идните генерации на нивниот роден град, рече денеска, градоначалникот на Велес Аце Коцевски по положувањето на свежо цвеќе и поклонувањето на саможртвата на младите момчиња кои во периодот од 28 април до 1 мај 1903 година, со серија бомбашки напади во Солун, се обидоа да го свртат вниманието на Европа кон Македонија и македонското прашање. Во нивниот роден град поточно на повеќемината од нив, беше одбележана 117 годишнина од историскиот настан.

centarzajavnozdravje fin

 

28.04.2020

Според соопштението на јавната здравствена институција лаборантите во моментов работат со новозаболените сограѓани.

Tableti fin

28.04.2020

Педесет ученици од Велес, кои потекнуваат од социјално ранливи семејства ќе добијат таблети за поуспешно да ја изведуваат и во исто време да ги завршуваат онлајн училишните задачи. Таблетите се донација на тетовската фирма „Еколог Интернејшнл“ поточно на сопственикот Лазим Дестани. Тој заедно со вработени во фирмата денеска лично ги предаде таблетите на Општина Велес. Заблагодарувајќи се градоначалникот Аце Коцевски ја пофали општествената одговорност на фирмата и се заблагодари велејќи:

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново