Сосема банална причина била повод ортопедот и трауматолог д-р Филип Тодоровски да добие тупаница во глава од својот колега д-р Петре Кодовски. Тоа се случувало во неделата вечерта, околу 18 часот, кога и двајцата специјалисти биле дежурни на хирушкото одделение во велешката болница. Причина било тоа што д-р Тодоровски побарал од д-р Кодовски да ја сошие отворената рана на пациентката од неговиот оддел. Тодоровски за Дума.мк тврди дека наместо да ја изврши здравствената услуга Кодовски прво нервозно му викал а потоа се обидувал да го провоцира со навредливи зборови упатени кон него и семејството, пред пациентите и персоналот на хирушкото одделение.

На условни казни ги осуди велешкиот суд  машиновозачот и диспечерот кои ја предизвикаа  железничката несреќа, што се случи на 15 декември 2013 година на железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес – Скопје. Диспечерот доби условна едногодишна казна ако во наредните три години не стори кривично дело додека машиновозачот е осуден на условна тримесечна казна ако во наредната година не стори кривично дело.  Во судницата машиновозачот го призна кривичното дело за кое се товареше но, не и дипечерот. Тие исто така ќе треба на ЈП „Македонски железници“ –транспорт да му платат штета  од над 75 илјади евра. Тоа е два ипол пати помалку од штетата што првично ја побарало Јавното претпријатие, поточно 195 илјади евра.

Само приватните лекари кои работат во ординации основани во јавните здравствени установи ќе можат да вработуваат лекари без медицинска сестра. Сите останати имаат обврска покрај лекарот да вработат и медицинска сестра. Приватните лекари од примарното здравство и стоматолозите реагираат на ваквите измени во законот за здравствена заштита кој според нив ги подели и ги стави во нерамноправна положба. Тие сметаат дека законот треба да биде подеднаков за сите лекари, за да можат да се повратат назад колегите кои ја напуштиле државата.

Традиционално по петти пат викендов се одржа планинарската манифестација „Февруарски поход 2016“. Триесетина планинари организирани од спортското планинарско друштво „Зелен рај“ ја пропешачија патеката долга околу 40 километри, почнувајќи од село Богомила, до планинарскиот дом Браќа Јаневи во село Ораовдол па се до железничката станица во село Теово. Сончевотот време им овозможи турата да ја поминат уште поубаво, застанувајќи и воздивнувајќи на сите прекрасни предели низ кои минуваа.

Киро Намичев-Мајче е само еден од повеќемината мајстори на кондураџискиот занает во градот. Тој беше еден од најпознатите занаетчии во велешката сарачка чаршија до 1975 година. Гордост на неговиот татко Михајло, уште постар и ценет градски кондураџија, кој го посветил својот живот на изработка и поправка на кондури и во истовреме на желбата наследници да му бидат неговите двајца синови помладиот Киро и три години постариот Петре. На пет годишна возраст Киро почнал да го изучува татковиот занает во дуќанот на мајстор Михаил, што се наоѓал меѓу првите во редот на сарачката чаршија, веднаш под Бела џамија, од левата страна на Вардар и Стар мост. Помладиот син на мајстор Михаил се разликувал од постариот по тоа што чиракувал и учел во тогашното училиште „Свети Ѓорѓија“. Бил многу добар ученик но, сепак татко му одлучил наместо на училиште да продолжи со изучување на семејниот занает.

Со фотографскиот апарат се дружи од својата петнаесет годишна возраст, ги фотографираше сите значани личности за родниот град, ги овековечи настаните кои се случуваа на велешките маала, сокаци, улици, пред спомениците и институциите. Голем е бројот на граѓани чии ликови на црно белите фотографии стојат во неговата архива. Семејниот фотограф и градскиот хроничар Боре Левков одбележа вреден јубилеј, пет децении од својата фотографска кариера. Го помнат помладите и не го заборавиле постарите сограѓани затоа што во нивните семејни албуми стојат фотографиите што ги направил Фото Боре. Тоа е препознатливото име, прекарот за човекот кој им овозможил токму преку фотографиите да се потсетат како изгледале кога биле бебиња и деца, тинејџери, се до возрасни и зрели луѓе. А без фото Боре не започнуваше ниту една официјална манифестација во Велес.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново