Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ и годинава го одбележаа 14 Март - Денот од одржувањето на тридневниот штрајк на учениците од велешката Гимназија. Велешките гимназијалци на 14 март 1942 година го кренаа својот глас против воведување на бугарскиот како мајчин јазик во наставата и против асимилаторската политика што ја спроведувале бугарските власти врз македонскиот народ. Под раководство на Скоевската организација и велешкото партиско раководство, учениците застанале во одбрана на својот јазик и својата национална самобитност. Нивната храброст ја поддржале дел од наставниците, родителите и голем број граѓани на Велес.

Со традиционалното посно бело гравче, посните салати, ракија и вино на голема софра и годинава жителите на Мегдан, го одбележаа денот по Прочка, Чист понеделник. Традицијата што пред многу години ја започнале нивните дедовци и татковци, ја продолжија нивните синови и внуци. Имињата на Ѓорѓи Гајдов, Лазо Нојков, Перо Ивчев, Манасков и уште многу други, кои меѓу првите го започнале одбележувањето на овој ден, засекогаш ќе останат во сеќавањата на мегданчани.

Штом дождот престана да врне милозвучните детски гласови, низ велешките маала и сокаци, започнаа да ја пејат традиционалната песна посветена на празникот „Прочка“. Дождливото утро беше одамна поминато но децата не се откажаа денеска да им ја испеат песната „Оптири лајлам“ и да им го честитаат верскиот празник на соседите во населбата Дворови. Пееја со сиот глас пред секоја затворена порта. Преправени, најчесто облечени, во облека на баба, дедо и доктор тропаа на портите. Штом песната беше испеана упорно си ја чекаа наградата, паричка и благце. И беа наградувани од секоја домаќинка со парче баклава и од домаќинот на куќата со паричка.

Во сарачката чаршија, на левата страна на Велес, како бербери во градот работеле дваесетина дуќани. Во тоа време и на десната страна во градот имало поголем број на берберски дуќани.

Според Љубе берберот,  во 1952 година берберски дуќани во безистенот имале: Ило и Борис Јаневи, потоа Коце берберот, па Киро Андов, а надвор од безистенот бил дуќанот на Малик и неговиот син Сури како и на оџата Аладин. До него се наоѓала берберницата на Димче Нечето, а до него, пак, бил дуќанот на берберската задруга во која работеле неколкумина бербери, калфи и чираци. Оваа задруга ја формирала Народната власт. Во близина на задругата се наоѓал дуќанот на Трајко Ангелов, па на Васил, потоа на Лазо, па на Петре Ќајата, па на Јовче Пласкијата, па на Ило Шутика, па на Страшо Манов и уште на Абадин. Во продолжение на улицата се наоѓал дуќанот на познатиот бербер Живко Левков, на Трајче Меанџиев, па на Ангел Марата, а до него биле берберниците на Ице, Силјанот и Ристо Танев.

Граѓаните со имиња и презимиња одбележани со розева линија во копијата од избирачкиот список што ви ја даваме никогаш не живееле во нашата зграда, со број 2 на улицата „Славко Ѓоргиев Сватот, во населбата Тунел 1 во Велес, рекоа денеска граѓани кои таму живеат од нејзината изградба. Повеќемина од нив денеска тврдеа дека еден гласач фантом е личност која е регистрирана само на уличниот број на зградата без број на стан. Тоа е Билјана Таневска. Во оваа зграда никогаш не живеел ниту Сашко Трајковски во станот со број 24 бидејќи зградата има вкупно 20 станови. А во неа никогаш не живееле ниту Грозда Маневска во станот број 5 ниту Марија Цветковиќ во станот во број 8. За станарите во оваа зграда збунувачки се и имињата на Снежана Темелкова од станот со број 10, Зоран Ивановски од станот број 12 и Аница Анастасова од станот со број 14.

Триесетина дрвокрадци вчеравечер ги сардисаа и пустошеа планините Мукос од велешка страна и Бабуна. Со рачни моторни пили ги сечеле дабовите дрва од шумите во атарот на селата Степанци, Смиловци и Поменово. Исекле вкупно единаесет метри огревно дрво наменето за продажба на црниот пазар во Прилеп.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново