Казна затвор од седум ипол години заработи Т.Ј. од Велес. Велешкиот суд му ја изрече казната за сторено кривично дело разбојништво. Овинетиот на 25 октомври 2014 година , околу 13 часот, физички ја нападнал Н.Џ. од Велес и и се заканил по живот. Од ташната што ја носела со себе и одзел тринаесет илјади денари и побегнал во непознат правец.

Со триста и педесет килограми крап денеска се пориби езерото „Младос“т во Велес. Големи парчиња крап тешки од еден до два килограми, риболовците од Спортското риболовно друштво „Бабуна“, ги пуштија во водата на езерото. Рибата е донација од Македонската риболовна федерација, а поводот е престојниот крапски куп што треба да се одржи на шести, седми и осми мај годинава на велешко езеро.

Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес набави 60 нови душеци. Тие се обезбедени преку тендер и со пари од буџетот на интернатот. Директорката на домот Василка Ѓурчиновски најави дека во наредниот период ќе се заменат со нови и останатите душеци во сите спални соби каде престојуваат учениците. Капацитетот на интернатот е 221 ученик и е исполнет до последното место.

Трет ден протести во Велес. Велешани одлучно и храбро и вечерва го кренаа својот глас против одлуката за аболиција на политичарите и побараа итна и неотповиклива оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател. Протестната поворка и денеска ја почнаа од плоштад Авона и движејќи се по главната улица се упатија кон центарот на градот. Протестот не го завршија на Сармаале како што беше планирано, туку продолжија до зградата каде што се наоѓаат просториите на ВМРО ДПМНЕ. Тука застанаа и скандираа „Апаши вратете ги парите“, „Еве ви го народот“, „Мафија на робија“, „Оставки, оставки“.

Со дванаесет златни и еден бронзен медал, пехари и дипломи се вратија членовите на балетското студио „Анабела“ од меѓународниот натпревар „Интер денс фестивал“, што викендов се одржа во Сараево. Поделени во различни натпреварувачки дисциплини, според возраста, младите талентирани балерини, се натпреваруваа во јака конкуренција, со европски прваци од седум земји во регионот.

Се мобилизира Општинската организација на Црвен крст Велес. Од вчера започна одбележувањето на неделата на солидарност. Младите волонтери на Црвен крст заедно со волонтерите на Црвен крст од сите основни училишта во координација со Комисијата за социјално-хуманитарна дејност ќе спроведат низа активности за да се соберат што е можно повеќе материјални добра и пари што ќе бидат наменети за лица со хендикеп и стари изнемоштени лица од руралните средини.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново