Кондураџијата Арсо Чанев бил еден од најпознатите мајстори во велешката чаршија до четириесетите години на минатиот век. Постарите велешани секогаш велеа дека на мајстор Арсо му немало рамен посебно во производството на војнички чизми , а голем мајстор бил и за изработка на машки кондури.

За време на денешната посета на Велес лидерот на опозицијата Зоран Заев даде изјава во која се осврна на целта на посетата, средбите со велешани и се осврна на најактуелните општествено економски состојби во државата. Потоа Заев одговори на поставените новинарски прашања. На прашањето дали ќе имаат доволно време државните институции да ги проверат на терен спорните 200.000 граѓани со право на глас или како што Заев ги нарече фантомски гласачи тој одговори:

Дончо Николовски од Градско, вработен во Колска, досега сто пати дарувал крв на хуманитарните крводарителски акции, организирани во Велес но и во други градови. Тој денеска, по повод светскиот ден на Црвениот крст, 17 март доби признание и плакета за личниот придонес во исполнувањето на општинскиот и републичкиот план за крводарителство за 2015 година.

СДСМ ги распарча најголемите фабрики во Велес и остави илјадници граѓани без работа. Истата партија ја пропадна Порцеланка и ги тепаше работниците само затоа што си ги бараа сопствените плати. Народот се сеќава и на уништувањето на фабриките Свилара, Брако. Лозар, Графичар, Интернационал, Транс Велес, ХИВ, Бетон, Пелагонија, Младост, Графичар и Велеспром. Добро се сеќаваат и на бизнис зделката на Зоран Заев со Киро Камчев и со години се поигруваа со судбината на вработените во фабриката. Со вакви обвинувања, од прес конференција денеска излезе владејачката ВМРО ДПМНЕ во Велес.

Европската Унија и досега ја критикуваше работата на македонските судови во делот на независноста.Тоа вчера го потенцираше евроамбасадорот Аиво Орав одговарајќи на новинарско прашање за кризата со Уставниот суд во Македонија која ги предизвика протестот и контара протестот во Скопје поточно за тоа каква е праксата во земјите на ЕУ кога на претседателот на државата му се даваат законски ингеренции да може да помислува луѓе обвинети за изборни нерегуларности.

Вкупна сеопфатна добивка од 290.000 денари оствари лани акционерското друштво „Димко Митрев“, покажува билансот на успех објавен на Македонската берза.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново