Над шеесетина административци од Основниот суд во Велес од денеска излегоа на получасовен штрајк пред зградата на судот. Ќе штрајкуваат се до исполнување на нивното барање, да им се исплати надоместокот за плата во висина од 35 проценти, што им го ветила Владата.

Две илјади седумстотини и шеснаесет денари собраа доброволците додека денеска, неколку часови, стоеја покрај касата за донации наменети за болниот старец Тодор Манев од Велес . Парите ги донираа граѓани кои минеа по тротоарот пред Основниот суд во Велес. Сопственик на пекара меѓу првите дојде кај штандот, донираше 1.000 денари и побара информации како да го исконтактира синот на Тодор со намера да го вработи.

Во маички на кои имаше испечатено „Не ме фарбај“ и ликовите на македонските револуционери, Питу, Делчев, Сандански, вечерва беа облечени дел од поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Тие заедно со останатите со едноминутно молчење им оддадоа почит на борците кои го дале својот живот за Македонија. И вечерва на четиринаесетиот ден од контрапротестите говореше претседателот на Здружението на пензионери Веле Алековски кој рече дека не ги забораваат македонците кои храбро се бореле  за слободата на оваа држава, за разлика од „другите“ кои имале деменција.

Поддржувачите на оваа граѓанско движење кои за себе велат дека се поддржувачи на Шарената револуција и вечерва се собраа кај фонтаната спроти Авона. Таму ја формираа протестната поворка и од Нова Населба преку главните градски улици „Благој Ѓорев“ и „8 Септември“ стигнаа на плоштад „Сармаале“. По пат демонстрантите ги извикуваа паролите „Чади Баба оди си“, „ Оставка“, „Убијци“, „Фикус аболиција“, „ Шутка не ти бега Никола“, „ВМРО фашистичка“ и други. Потоа штом стигнаа на плоштад „Сармаале“ громогласно ја запеаја револуционерната песна „Абре Македонче“.

Објавената приказна за велешанецот Тодор Манев, предизвика бројни реакции од граѓани кои сочувствуваат со неговата мака и сакаат на каков било начин да му помогнат. Се јавија граѓани од Велес, напишаа пораки и жители на Скопје како и од повеќе градови во државата. Некои од нив искоментираа на фејсбук профилот на порталот Дума, други пак лично не исконтактираа по телефон со желба да му помогнат на овој стар и немоќен човек.

Петнаесеттата вечер од протестот на „Протестирам“ низ велешките улици ја имаше стандардната маршута. Демонстрантите се собраа кај фонтаната спроти Авона а потоа тргнаа по улиците „Благој Ѓорев“ и „8 Септември“ стигнаа до плоштадот Сармаале. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Шарена револуција“ и постери со ликовите на Претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев на кои пишуваше „Одете си“. Попатно демонстрантите ги извикуваа паролите „Апаши“, „Фашисти“, „Оставки“, „Слобода“, „Мафија на робија“, „Поддршка за СЈО“ и други.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново