Зголемен е водостојот на езерото „Младост“. Водата повторно се прелева преку браната. Дождови ја зголемија количината на вода во вештачката акумулација. Нивото на водата е покачено и на северната страна на езерото. Таму се чини дека висината на водостојот е зголемена за близу еден метар. Тоа најдобро се гледа на самиот езерски брег, кај куќичката под мотелот „На велешко“. Објектот е целосно поплавен од водата како и првиот дел од бетонската тераса што ресторанот ја користи во летниот период. Количини од езерската вода се прелеваат и во паркот, под мотелот, иако таму има изграден ѕид што го одделува езерото од парковската површина.

Само две години е домаќинка и собра храброст своите кулинарски способности да ги прикаже на годинешната манифестација „Вешта жена“. Рамо до рамо со поискусните домаќинки, дваесет и петгодишната Марија Перковска  за натпреварот подготви полнет пилешки ролат за главно јадење и чоколадна торта за десерт.

Почина шеесет и пет годишниот велешанец  кој пред десет дена беше пронајден во бесознание и облеан во крв на земјениот пат од левата страна на реката Вардар на јужниот излез од градот.  Тој починал во Ургентниот  центар во Скопје каде бил пренесен  со неколку убодни рани во стомакот и повреди на главата и телото.

Не стигнале сметките за радиодифузна такса, реагираат граѓаните на Велес. Тие велат дека веќе трет месец немаат добиено налози за да можат да си ја исполнат својата обврска и да ја подмират со Закон предвидената такса. Револтирани се и зачудени од ваквиот однос бидејќи, како што велат, еден ден, кога ќе ги добијат уплатниците, наеднаш ќе мораат да ги уплатат парите за сите месеци. Така велат дека тоа за нив ќе биде голем товар.

Хуманоста не познава професија. Вработените на Секторот за внатрешни работи во Велес денеска ги подадоа своите раце на крводарителската акција која секоја година традиционално се одржува во зградата на велешката полиција. На акцијата се собраа дванаесетина крвни единици речиси од сите крвни групи. Според д-р Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузија во Скопје, соработката со велешките институции е на високо ниво.

Експанзија на грип во Велес. За само една недела, поточно од 01 до 07 овој месец, регистрирани се вкупно 145 граѓани заразени од грип. Најголем дел од нив се на возраст од 15 до 60 годишна возраст. Од Центарот за јавно здравје велат дека станува збор за заразување кај активно население, додека многу помалку има грипозни од претшколска и школска возраст како и граѓани над 60 години. Зголемена телесна температура, болки во зглобовите , мускулите и грлото, и треска се симптомите на ова заразно заболување. Лекарите велат дека во овој период од годината граѓаните особено оние со намален имунитет треба да внимаваат и да избегнуваат масовни собири.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново