Невладината „Цивил“ со отворен повик за набљудувачи на предизборниот процес. Денеска во Велес делеше флаери со содржина за тоа кој и како може да стане набљудувач со цел, на 5 јуни годинава, да се спроведат фер и слободни избори. Единствен услов што треба да го исполнуваат кандидатите за набљудувачи е поседувањето на човечки и морални квалитети, велат од организацијата. Тимот ќе се состои од над 180 набљудувачи, дел од нив долгорочни, додека поголемиот дел ќе бидат на избирачките места на денот на изборите.

Автотранспортно претпријатие „Млаз“ од Богданци, кое некогаш беше едно од водечките не само во „Македонија“ туку и пошироко, отиде во Стечај. По барање на доверителот АД за осигурување „Македонија“ Основниот суд во Велес донесе решение за отварање на стечајна постапка на должникот АД „Млаз“ од Богданци. Претходно во велешкиот суд се водеше предстечајна постапка.

По барање на Јавното обвинителство, велешкиот суд покрена судска постапка против градоиначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски за злоупотреба на службена положба и овластување. Првото рочиште е закаѓано за 25 март годинава. На градоначалникот ќе му се суди за незаконско присвојување на Планинарскиот дом „Чеплес“, за што пред една година и три месеци доби кривична пријава.

Велес е еден од ретките градови во Македонија кој уште во 1924 година имал изградено водовод од кој вода во своите домови добиле повеќе имотни семејства. И маалските чешми на Којник, Бричкова, Прчиева, Маалска и други добиле здрава вода. Овие чешми биле изградени во турското а водата во нив доаѓала од Раштанскиот водовод и од водоводот во Бањиште. Потоа само биле поврзани на Дервенскиот водовод. Од таму градот се снабдуваше со вода се до шеесетите години на минатиот век кога комуналното претпријатие изврши бушење и изгради бунари во велешката Населба „Шорка“. Местоположбата на рени бунарите во „Шорка“ беше во близина на река Вардар па се обезбеди доволна количина на вода по што се изгради комплетен цефковод во градот. Први вода добија жителите од долните делови на градот. Потоа, до 1965 година, питка вода доби стариот дел на Велес и по него новиот дел на градот.

Голем број дејци, од каменестиот но слободарски Велес, со своите дела, оставија длабоки и неизбришиви траги не само во историјата на својот град туку и за Македонија. Имињата на Џинот, Жинзифов, Главинов, Неделковски, Рацин се само дел од плејадата велешани кои го задолжија македонскиот народ да ги памети како свои чеда кои со своите дела направија ова парче македонска земја да живее слободно. Во него се родија и работеа многу преродбеници и борци за слобода. Ништо помало не е значењето и на делата на другите видни велешани, академици, лекари, инжинери, диригенти, актери, политичари, спортисти и културни работници.

Се кројат дрворедите во градот. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска ги сечат гранките на дрвата долж улицата „8 Септември, помеѓу Основниот суд и кружниот тек во центарот на градот. Исечените гранки веднаш се собираат во камион и се транспортираат и воопшто не го попречуваат движењето на тротоарот. Единствено помал застој има во сообраќајот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново