На почетокот на улицата „Никола Оровчанов“, во строгиот центар на Велес, од вчера се поставени сообраќајни знаци за забрането паркирање на возила. Забраната се однесува на просторот од кружниот тек кај стоковната куќа до преминот на железничката линија Велес - Гевгелија во населбата Дворови. Таму веќе не смеат да се паркираат возила. Забраната се однесува на околу стотина почетни метри на улицата која единствено овозможува влез и излез на автомобили, камиони, на Брза помош и противпожарни возила во оваа населба во централното градско јадро. Сообраќајните знаци ги постави општината. Локалната власт во исто време го одбила барањето на граѓаните, кои живеат во ново изградената зграда, за продолжување на рокот за поставените метални пе столбчиња со кои е ограден тротоарот пред зградата и со што дополнително е одземен еден метар од ширината на улицата.

Популарната апликација во скандинавските земји од први април достапна и за компаниите и корисниците во Македонија. По детално истражување на македонскиот пазар сопствениците на шведската компанија „ Рековинст“ одлучија апликацијата да им ја стават на располагање и на македонските корисници на паметни телефони. „Рековинст“ е интересна апликација за смартфон и таблет како и за корисници на андроид и apple оперативниот систем и таа е од интерактивен карактер.

Се интензивира соработката на економски план помеѓу Македонија и Унгарија. Унгарскиот амбасадор во земјава, економскиот аташе и претставници на стопанската комора на Унгарија и Македонија денеска остварија средба и со велешките стопанственици. Разменија искуства и услови за инвестирање и трговска размена во двете земји. Денешната средба е дел од договорот за трговска соработка што Македонија и Унгарија го потпишаа во 2014 година.

Земјоделецот од велешкото село Мамутчево што вчера се повреди при превртување на тракторот што го управувал се здобил со набиеници и гребаници, информираат од СВР Велес.

Копијата на замокот „Равале“ кој со цветните аранжмани го красеше Младинскиот парк во Велес, остана само на железната конструкција. Цветните садници се извадени и освен таблата на која е поставена слика на оригиналниот замок во Франција ништо друго не укажува на тоа дека таму беше поиставен најрепрезентативниот примерок од замокот во паркот. Граѓаните се жалат и реагираат дека Замокот повеќе не е убав и не претставува впечатливо катче кое со својата убавина ги привлекуваше погледите на минувачите, а неретко беше и најпосакуваното место за фотографирање. Тие прашуваат кога ќе бидат поставени цветните аранжмани кои со своите складни бои ќе го оживеат замокот.

Се преврте трактор во нива управуван од земјоделец, попладнево околу 17 часот, во атарот на велешкото село Мамутчево. Земјоделецот е потешко повреден и пренесен на хирушкото одделение во Болницата во Велес.

„Во моментов двајцата дежурни доктори, ортопедот Леов и хирургот Кочов, му укажуваат помош,“ рекоа од хирушното одделение на велешката болница.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново