Вчерашните врнежи од дожд и снег во велешко не создадоа снежна покривка.  Засега нема посериозни  проблеми на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско.  Патиштата  кон селата кои гравитираат кон Велес  се проодни. Единствено жителите на село Дреново  се пожалиле дека на неколку места на патот имало подрзнување.

Благој Крајчев со синот Ѓоре повеќе од пет децении во Велес се најпознати и најдобри производители на женски ташни. Мајстор Благој занаетот го научил од познат мајстор во старата велешка сарачка чаршија и првично покажал што умее како работник во старата велешка фирма „Работник“. Неговата креативност го донела и до директорското место. Тоа што го умеел несебично го споделил на останатите вработени меѓу кои бил и Ашикот. По десетина години мајстор Благој бил повикан да работи во крзнарската индустрија „Димко Митрев“ каде што останал се до 1968 година. Наредната година, кога тогашната власт дозволила, Благој  отвара приватен дуќан со работилница во градот веднаш до фурната на Тевчеви, на главната улица, од спротивната страна на поранешната стоковна куќа „Нама“.

Општина Велес од утрово има две нови жителки. Првата се вика Исра и се роди во 8 часот и 16 минути на гинеколошко - акушерското одделение во болницата. Таа е втора ќерка на дваесет и осум годишната Фетие Кадриева  од селото Горно Јаболчиште. Три часа подоцна мајката Џеврија Амедова од село Горно Јаболчиште ја роди својата трета ќерка која е второ новороденче денеска во болницата.

Мирис на штотуку печени симити, гевреци и домашен леб се ширел, секое утро, од фурната што со децении се наоѓала во приземјето на куќата на Ангел Марушката, во месноста Дворови, во Велес. Така фурнаџија Трајко Чочето ги будел граѓаните во околните куќи , помеѓу двете железнички пруги за Штип и за Гевгелија. Штом фурнаџијата започнел, со дрвената пекарска лопата  да ги вади испечените векни леб, Дворовчанки веќе го имале подготвено дневниот ручек. Тогаш домаќинките тргнувале да ги носат земјените тави и грниња со чорби, грав, свински глави како и тепсиите со штотуку исуканите колпидиња, зелници, мазници и јајчаници.  Нив ги оставале на печење во фурната а дома заминувале со испечениот тазе леб на фурнаџијата.

Облечен во препознатлива гардероба, со задолжителна  торба полна со подароци и ѕвоно во раце Дедо Мраз стигна во Велес. Забележително е неговото присуство во домовите на најмладите граѓани и делење на новогодишни подароци. Најпосакуваниот дедо на светот наоѓа време и за фотографирање со сите кои посакуваат фотографија што ќе ја чуваат во семејните албуми за да ги потсетува на уште една година од животот. Дедо Мраз сепак најголем дел од времето одвоено за присуство во градот го минува на централната градска улица „Благој Ѓорев“. Таму го пронајдовме и ние. Беше весел, насмеан и среќен што има можност на велешани да им посака остварување на желби во годината што доаѓа.

„Драги мои велешани вам и на сите луѓе во светот, големи и мали, деца, мажи и жени, црни и бели ви ја честитам Новата 2016 година. Ви посакувам се што било лошо да остане во старата и во новата година да ве следат здрвје, среќа, љубов и берикет“ рече Дедо Мраз.

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново