По пријавата за нарушување на јавниот ред и мир, од жителите на улицата Никола Оровчанец во велешката населба Дворови, полициски службеници направиле контрола во куќата со број 35. Во моментот на проверката на разурнатата куќа не затекнале ниту едно лице и констатиорале дека станува збор за напуштена куќа, се наведува во писменото соопштение на СВР Велес. Од таму апелираат граѓаните штом забележат нарушување на јавниот ред и мир веднаш да пријават во полиција за да може проблемот час поскоро да се реши.

Вкупно 13 илјади денари собра Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес во акцијата за собирање парични средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. На некој од државните факултети Фондацијата ќе запише еден студент. Затоа денеска ги повикува матурантите од градот, кои потекнуваат од социјално немоќно семејство, да ги достават потребните документи во просториите на Фондацијата, што се наоѓаат на улица Солунска 2А на Сармаале , поточно спроти менувачница Североф.

Во страв и на штрек живеат жителите на улицата „Никола Оровчанец“ во населбата Дворови чии куќи се наоѓаат во непосредна близина на разурната и напуштена куќа со број 35. Тие се жалат дека во куќата постојано се собираат луѓе, особено во вечерните и ноќните часови. Се сомневаат дека станува збор за корисници на дрога па затоа се загрижени за својата безбедност. „Непознатите посетители“ во куќата влегувале преку дупката од покривот и преку старата дрвена порта чиј што катанец го скршиле. Соседи неколку пати се јавиле во полиција и побарале интервенција. Полицијата доаѓала но не затекнувала никој во куќата.

Со контраобвинувања владејачката партија реагираше на обвинувањата на опозицијата за задолженоста на основните и средните училишта во Велес. Во писменото соопштение испратено до медиумите, ДПМНЕ ниту го потврди ниту го негираше податокот за долгот на училиштата, кој според СДСМ изнесува над 850 илјади евра. Во него се вели дека во времето на СДСМ, образованието паднало на најниски гранки и во него не било инвестирано ниту денар.

Бројот на ученици континуирано се намалува а основните и средните училишта во градот се гушат во долгови, констатираа велешките социјалдемократи. За вода, струја, нафта, транспорт, превозни услуги и други трошоци училиштата должат повеќе од 850 илјади евра, тврдат од СДСМ.

Откако пред три месеци, пациентите и матичните лекари во градот го актуелизираа проблемот со недостиг на лекар трансфузиолог во одделот за Трансфузиологија во Велес, со став и дообјаснување се јави и Заводот за Трансфузиологија во Скопје. Во писменото соопштение што го испратија до Дума, пишува дека при потреба од итна постапка пациентот може да биде примен во кој било работен ден во неделата. Додека пак во деновите кога докторот специјалист е ангажиран во амбулантата за потребите на крводарителите, се испрака лекар од другите станици на Институтот за трансфузиона медицина.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново