Илјада нови вработувања во Велес.  Поранешната фабрика „Порцеланка“ ги отвори вратите за индиската групација БРГ. Тие денеска  во Велес го потпишаа договорот со Владата на Република Македонија за реализација на инвестицијата во рестартираните погони на некогашната фабрика за керамички плочки.  Во новите производствени хали, со нови современи  машини ќе се изработуваат производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик.  На потпишувањето на договорот присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека ова нема да биде последната странска инвестиција во градот.

Несреќата во која западна седумдесет и пет годишната Марија Гуцева откако пожарот го пеплоса нејзиниот дом како и нејзиниот повик за помош од добронамерните граѓани и институции предизвика емпатија и реакции кај дел од нив. Активистите и волонтерите на најхуманата организација Црвен крст се одваа на нејзината мака.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска со реакција на вчерашниот прес на опозицијата. Во писмената реакција стои дека на СДСМ им пречи реновирањето на хируршкото, детското, заразното, гинеколошкото и физикалното одделение во велешката болница како и реновирањето на болницата во Јасеново. Ним им смета и тоа што докторите работат со модерни здравствени апарати, како што е компјутерскиот томограф, холтер за притисок и аритмии.

Се намалува бројот на новородени, а се зголемува бројот на починати лица во Велес.  Според податоците од Матичната служба, лани,  на свет дошле 726 новороденчиња,  а починале 594 граѓани.  За споредба, во 2014 година во градот се родиле вкупно 795, што е за 69 бебиња повеќе од минатата година.  И бројот на починати се зголемува од година во година. Така лани починале 594 граѓани што е за 35 лица повеќе во споредба од претходната година.

Здравството е целосно партизирано и наместо да им помага на граѓаните создава дополнителен хаос. ВМРО ДПМНЕ не се грижи за интересите на граѓаните туку за тоа како да ги згрижи своите партиски кадри. Со вакво обвинување денеска излегоа од општинската организација на СДСМ во Велес. Според опозицијата, ќерката на главната сестра во велешката болница Мила Лазова била вработена во болницата 8-ми септември во Скопје, додека пак претседателот на советот на општина Велес д-р Александар Колев инаку специјализант на хирургија бил вработен во новоформираната Кардиохирургија во Скопје.

Седумдесет и пет годишната Марија Гуцева чија куќа  изгоре во пожар не може да се помири со несреќата што ја снајде. Утрово ја затекнавме покрај пеплосаните остатоци од покуќнината, преморена и истоштена од траумата што ја преживеја. Таа моментално престојува кај нејзината керќа, но вели станот е претесен и не сака да им биде товар на своите внуци.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново