Амбаркови  се старо велешко касапско семејство кое живее на левата страна на градот. Најстариот од нив бил касапот Ордан  роден во 1895 година. Уште како дете го учил касапски занает кај познати мајстори во велешката чаршија. Кога станал мајстор работел во касапницата на мајстор Кузев  кој се наоѓал во сарачката чаршија. Ордан имал еден син Стојан и еден внук Димко. Тие не го продолжиле занаетот туку тоа го сторил внукот на Ордан, Ѓоре од брат му Димко.

Маалото „Варналиите“  било едно од најубавите на левата страна на Велес. Дека навистина во ова маало имало многу убави куќи и во нив  живееле богати граѓани зборува и фактот што Турците го нарекле „Алтан маало“ или  „ Златно маало“. Името го добило по граѓаните Ганчо Варналиев, кој имал фурна веднаш пред ширинката и јаворот, до која се наоѓало теќе, па дуќанот на Благој, а од другата страна бил  дуќанот на Анѓушеви.

Мајка на три малолетни деца, вратена пред четири месеци од затвор, очајно бара помош за обезбедување на социјален стан во Велес. Центарот за социјални работи на Моника и го вратил родителското право но, жената нема дом за да ги земе децата кај себе. Таа вели дека едвај се помирила со судската неправда и четири годишната затворска казна па сега не сака дополнително да биде раздвоена од децата во колку се оддолжи постапката за решавање на нејзината молба што ја доставила до надлежната комисија во министерството за труд и социјална политика.

Граѓани од Велес, корисници на социјална помош, нега на болен за трето лице и оние кои добиваат субвенции за електрична енергија се жалат дека подолг временски период не добиле пари од државата. Според информациите што тие ни ги доставија надоместокот за струја доцнел повеќе од пет месеци, додека за социјална помош и нега доцни веќе два месеца и дваесетина дена. Граѓаните се жалат дека тешко ги поминале Новогодишните и Божикните празници. Дел од нив тврдат дека токму поради ова задоцнето исплаќање на субвенцијата за струја заостанале во плаѓањето на редовните месечни сметки.

Резултатите што ги постигна проектот за поддршка на малите и микро претпријатија во јавните набавки во изминативе три години доведе до проширување во нови региони во државата. Освен во Вардарскиот и Североисточниот тој се спроведува и во Југозападен и Пелагониски. Асистентите на Регионалниот центар за поддршка во Велес сега  ги посетуваат општините од овие два нови региони и остваруваат директни контакти со цел да ја добијат вкупната бројка на мали и микро претпријатија кои работат во овие општини.

Таа е девојка која има 31 година, висока едвај 163 сантиметри и тешка 50 килограми, скромна по природа и тивка по карактер. Се вика Чурим Долма Шерпа и е професионален шерпас од Непал. Нејзината грандиозност е во тоа што е Гинисова рекордерка поточно единствената жена во светот што  два пати за една седмица со искачи Монт Еверест од две различни страни. Чурим овој рекорд го реализираше пред три ипол години, на 12 и 19 мај 2012. Таа е потпретседателка на Светската алпинистичка Федерација. Чурим вчера стигна во Велес. По поминати над пет илјади километри, со авион, попладнево веќе беше подготвена за разговор во кој ни ја раскажа својата животна приказна. Тука е за да ги поттикне Македонците на несекојдневен потфат и доколку одлучат да го освојат Монт Еверест тогаш таа ќе ја предводи експедицијата на нивното искачување до највисокиот врв во светот.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново