По една канта за отпад во зелена боја добија десетина семејства кои живеат на раскрсницата на која се спојуваат улиците Кочо Рацин и Архиепископ Михаил во Велес. Овие семејства општината ги задолжи со реверс, а добија и упатство за користење. Локалните власти истовремено ќе поделат уште 800 канти во жолта боја на оние домаќинства кои веќе имаат зелени канти. Оваа акција има за цел да ја искорени навиката кај граѓаните отпадот во најлонски кеси да го оставаат пред домовите и на улиците.

Со позитивни искуства се стекнаа дванаесетте жени Креативки од Вардарскиот регион на тридневната студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Креативките од Велес, Свети Николе, Чашка и Неготино имаа можност да видат како тамошните креативни жени изработуваат производи, обезбедуваат конкурентност на пазарот и заработуваат. Сместени во строгиот центар на Љубљана продавниците за рачни изработки „Три мухе“ и „Ика“ беа домаќини на македонските креативни жени. Во нив има најразлични предмети и производи создадени од вештите раце на десетици жени кои живеат во различни градови во Словенија. Дел од креативните производи во „Три мухе“, се изработени од материјали, што претходно, на граѓански организации им ги донирале граѓани, фирми и јавни институции во словенечката метропола. Така наместо во отпад материјалите завршиле кај граѓански организации кои ангажираат вешти жени за создавање на нови креативни производи. Во оваа продавница има креативни производи на жени од над триесеттина земји во светот.

 

Со одлука на Министерството за трговија и индустрија на Владата на Кралството на СХС, во Велес во 1921 година е отворена првата приватна банка во Македонија под името Велешка банка. Оснивачкиот капитал на приватната банка бил 1.000.000 динари. Најголеми инвеститори биле сопственикот на фабриката за масло Ѓошо Органџиев, Мустафа Усеин и браќата Урумови, но имало и странски инвеститори, претежно со француски капитал.

Засвети утрово сијалицата во домот на велешкото сиромашно семејство Николови. Две иполгодишната Лана, дете болно од церебрална парализа, го испи првото шише со топло млеко. Нејзините родители, мајката Зорица и таткото Ристе, ќе можат да ја искапат со топла вода. По објавената приказна на Дума.мк за тешкиот живот на петчленото семејство Николови ЕВН одлучи да вклучи струја во нивниот дом. Сега на Ристе му останува да го подмири уште долкот од 4.500 денари за потрошена електрична енергија во изминатите два месеци.

Две ипол годишната Лана , дете од Велес кое боледува од церебрална парализа, од вчера живее во мрак и не може да замине на рехабилитација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Во домот на Николови нема струја. Родителите немаат пари ни за пат ниту за потребната нега на детето додека треба да се лекува. И покрај тоа што државата го плаќа болничкиот престој ова велешко семејство западнало во тешка финансиска криза и нема моќ да го продолжи лекувањето на своето трето дете. Ристе Николов, татко и на Лана, е градежен работник кој цела година не работел.

Во поинаква и помалку невообичаена форма, ликовниот уметник Спасе Перовски од Велес го реализира своето најново уметничко дело насловено како ЗОШТО. Тој на неколку локации во градот, но претежно во Младинскиот парк им поставува прашања на граѓаните за поединецот и неговото делување во заедницата како и прашања од областа на уметноста и културата. Ги забележува нивните одговори. Дел од прашањата Перовски упатува и до институциите во градот и државата како и до градоначалникот на Велес. Неговата првична замисла била да постави огласна табла во Младинскиот парк на која тој ќе ги поставува прашањата. Но локалните власти негативно одговориле на неговото барање па решил како објект за свој уметнички израз да користи разни локации во градот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново