„ Го сакав и сеуште го сакам терзискиот занает. Тој е мојот живот. Почнав како петнаесетгодишно момче и еве и денес кога имам осум децении не можам да се разделам од него. Тој е дел од мене. Со игла и конец спечалив куќа и си обезбедив скоромен живот. Со моите десет прсти и со оваа игла, со конците и со мојава стара машина работам повеќе од шест децении. Нешто од внатре ми вели дека можам уште да работам. Не шијам костуми, но сеуште сум им потребен на моите муштерии за да им заменам патент, да им скратам панталони, да им закрпам палто. Горд сум кога тие се задоволни. Нивното присуство во мојот дуќан, сега сместен во една соба во приземјето на домот, ме прави уште посреќен . Сега е пладнина. Муштериите си заминаа но, попладне повторно ќе дојдат и ќе прикажуваме за поранешните златните времиња на терзискиот занает. Туку јас се расприкажав многу, а не те поканив да влеземе во дуќанот“, ми рече велешкиот терзија Зоран Коцевски кога ме пречека во дворот на својот дом што се наоѓа на улицата „Солунска“ бр.5.

- Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија. Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.

Девојката била пронајдена изминатиов вторник. Потоа им било соопштено на нејзините родители во Велес. Македонката која им ја соопштила трагичната вест на родителите на девојката не знаела што се случило претходно. Таа кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција од чии резултати ќе се утврди причината за смртта.

Со цел да ги поттикнат пред се помладите домаќинки семејните слави, имендени, родендени и други прослави да ги одбележуваат со приготвена традиционална македонска храна, организаторките на манифестацијата „Етно вешта жена“ во четвртокот вечерта по единаесетти пат во Велес ја одржаа вечерта во која презентираа вкусни зелници, ѓозлемиња, солени и благи кифли, салати и торти. Седум велешанки годинава се нтпреваруваа во подготовката на традиционалната храна на тема „Рацинова вечер“. Тие подготвија торти со симболика на книгата „Бели мугри“ од Рацин, и кошулата на Ленка.

Нова инсталација „Споменик на иселените“ денеска беше поставена пред УЈП во Велес. Споменикот го симболизира загрижувачкиот број на исселени млади од Велес и државата.

Ги каменуваат а имаше и случаи на застрелување, мислам со пиштол на две диви патки во водата на велешко езеро Младост. Бидејќи подолго време престојуваме таму сме виделе разни ситуации кога граѓани не совесно се однесуваат кон овие птици. И не само кон овој вид туку и кон останатите видови како патки, шатки и гуски. Секоја чест на граѓаните кои што доаѓаат и им носат леб па за парчињата што им ги даваат овие диви птици излегуваат од водата и многу често ги има на крајбрежјето на езерото. Голем дел од нив се припитомени и не можам да разберам зошто некому треба да послужат како мета за огнострелно оружје, рече загрижен велешанец.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново