Малкумина велешани знаат дека постарите сограѓани со името Јурија го нарекувале и делот од населбата Дворови кој од долната страна започнува кај горна рампа на гевгелиска пруга и завршува кај паркот до Ликовен салон. Тоа поточно е делот од централното подрачје на градот позади свиларската зграда на плоштадот „Саармаале“. Во тоа време, ова место името го добило поради тоа што тука се наоѓала последната куќа во градот а жителите на тамошната ширинка се собирале на веселби.Сепак, во посочениот период од животот во Велес, таму сопственици на куќите биле граѓани од турска националност. Нивните куќи биле многу убави но тоа не преставувало никаков проблем за сожителство со македонското население со кое заедно славеле и Велигден и Божиќ и Рамазан. Името „Јурија“ денес е заминато во историјата зашто старите генерации си заминаа, а и крајот на Велес денес е многу подалеку од она што некогаш бил.

Правото на глас во Република Македонија е тајно и е лично право, уставна категорија и уставно загарантирано право. Ако не се практикува некој може да си поигра, да го скрие или навидум да го претстави дека тоа право е искористено. За да се спречат тие навидум злоупотреби и манипулации многу е важно граѓаните да излезат и да гласаат. Ним никој не смее да им забрани, да ги уцени или на било кој начин да им влева страв. Сечиј глас е значаен, секое учество, на секој граѓанин и посебно на младиот човек кој сега ќе почне или само што почнал да го практикува и применува тоа право, му овозможува да влијае во креирањето на идните политики значајни за сите граѓани па така и за младите луѓе во државата. Вака на вечерната дискусија за важноста на граѓанскиот глас во „Чао кафе“ во Велес ги храбреа присутните млади луѓе тројцата граѓански активисти поддржувачи на младинската кампања „Избери што сакаш“ преку која се промовира важноста на гласачкото право во Македонија пред предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, годинава.

Се чувствувам виновен и се каам за стореното дело. Вака денеска на главната расправа во велешкиот суд се изјаснија двајцата обвинети што во февруари годинава го ограбија возилото на Агенцијата за обезбедување „Перпетум мобиле“ во Велес. Дваесет и пет годишниот Кемал Ахмети и деветнаесет годишниот Агим Коруми и двајцата од Скопје, рекоа дека доброволно ја признаваат вината без какви било притисоци, уцени и ветувања од трети лица. Правниот застапник на Агенцијата „Перпетум мобиле“ рече дека нема да бараат оштета бидејќи  штетата им била надоместена преку осигурителната компанија додека претставникот на оштетената Стопанска банка пак  побара да им се вратат украдените пари.

За Народното движење за Македонија скандалозно е тоа што Власта и понатаму продолжува со одземање на имотот на Сојузот на борци на Македонија. Овој во основа антимакедонски и антипатриотски чин пред се е спорен и од Уставен аспект. Прво го повредува правото на сопственост и правото на гарантирана сопственост и владеењето на правната држава. Со ваквиот чин се сквернави и негира НОБ и антифашистичката традиција на Република Македонија. Скандалозното однесување на власта мора да престане, рече денеска на прес конференција во Велес, претседателот на партијата Јанко Бачев.

Ниту по две недели нема реакција на нашиот повик до ЈП Македонски шуми подружница Бабуна преку медиумите во која побаравме одговор зошто се уште на граѓаните на Велес не им се испорачуваат платените огревни дрва, се пожалија и денеска од СДСМ. Портпаролката Весна Стојанова Богоевска повторно реагираше на молкот на одговорните во јавното претпријатие во услови кога дрва не добиле дел од граѓаните што си ги платиле.

Голем е бројот на пензионери од Велес кои искористиле поволности од владините проекти, соопштија денеска на прес конференција во О.К на ВМРО ДПМНЕ. Според Каролина Попова тоа е така поради тоа што грижата за пензионерите е приоритетна за Владата на Република Македонија.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново