На овој голем ден ја означуваме последната седумдесет и две годишна низа од историјата на Велес, на генерациите граѓани кои оставиле белег на градот и со своите дела се пример за идните поколенија . Ова е дел од говорот на градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, кој вчера пред присутните гости во салата на театарската зграда ја отвори свечената седница по повод празникот на градот, 9 ноември. Тој се осврна на достигнувањата на Велес во изминатиот четири годишен период на сите полиња и спомна дека градот останува на младите кои својата иднина ја гледаат тука.

Во судскиот процес да се докаже вината на тројцата лекари специјалисти во гевгелиската болница, анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите и акушери Венци Чалков и Дончо Москов,кои покрај Хипократовата заклетва направија грешка во работата и при изведувањето на царскиот рез над родилката Маја Кадиева не постапија совесно, побара на денешната главна расправа јавниот обвинител Славица Темелковски. Таа додека го даваше воведниот збор во раце ги држеше фотографиите на починатата родилка Маја Кадиева и на нејзината прва рожба, шестгодишната ќерка Матеја.

Во Основниот суд во Велес во тек е судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче. Смртта на жената и новороденчето настапи лани во октомври, во гевгелиската болница.

Тивко и празно е деновиве во канцеларијата на Државната изборна комисија во Велес додека во тек е увидот во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, годинава. Иако двајцата вработени работат во две смени и така ги покриваат дванаесетте часови од денот во кои граѓаните имаат можност да го остварат законското право на проверка на своите податоци таму засега дошле 135 велешани. Од нив само 5 биле „фантоми“ и побарале со пополнување на образец да се исправат грешките со нивните лични податоци во Единствениот избирачки список. Според раководителот на канцеларијата на ДИК во Велес, Коче Бабунски нивните пополнети образци се веќе испратени во Државната изборна комисија.

Нацрт програмата за заштита на животната средина предизвика најголем интерес кај присутните на вчерашната јавна расправа по сите тринаесет програми за работа на локалната самоуправа за следната година. Претседателот на Еколошкото друштво Вила Зора, д-р Ненад Коциќ праша дали општината ќе преземе конкретни чекори за фиторемедијација односно деконтаминација на велешката почва и дали во програмата за следната година се предвидени финансиски средства за оваа намена.

Тринаесет години затвор доби дваесет и шест годишниот Кемал Ахмети, а неговиот пријател Агим Коруни доби седум години и седум месеци за вооружениот грабеж во Велес во кој од автомобил украдоа четири милиони денари. Ахмети се товари за две кривични дела додека пет години помладиот Коруни за едно кривично дело разбојништво.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново