Сто четириесет и три партнери од Велес го прекинале брачниот живот за единаесетте месеци од годинава. Од основниот суд информираат дека бројот на раскинатите бракови годинава е помал во однос на истиот период минатата година. Лани се развеле 159 брачни партнери.

По дводневно несообраќање на патничките возови од денеска е нормализиран железничкиот сообраќај во државава. Утрово на железничката станица во Велес не стигнале возовите од Гевгелија, Битола и Кочани. Така било и изнинатиов викенд. Дури денеска во 13 часот сите машиновозачи на МЖ Транспорт седнале на возачките места со што обезбедиле сообраќање на редовните патнички линии во сите правци во земјава. Тоа што тие се спротивставиле на раководството од кое според извори на Дума.мк барале плата било причина изминатиов викенд да ги нема редовните патнички линии кои најмногу ги користат велешани за да отпатуваат на работа во Скопје.

За деветте месеци од годинава Крзнарската индустрија „Димко Митрев“ од Велес остварила нето добивка од 540 илјади денари што е за 32 проценти повеќе од истиот период од минатата година. Според податоците од македонската берза, пораст од 2 проценти е забележан и ка приходите.

Хидрауличен лифт добија браќата Владо и Ристо Димитриевски од Велес, лица со посебни потреби. Прогресивната мускулна дистрофија ги „заковала“ браќата за кревет за кои единствено се грижи нивната мајка Лилјана. Сега со помош на лифтот, наменет за домашни услови, таа ќе може полесно да ги крене синовите за да можат да ги обавуваат своите животни функции.

Основната цел на планинарството не е освојување на врвови туку создавање на нови трансверзали, поточно патеки кои спојуваат една или повеќе општини и региони. Ова е мотото според кое се водеа група волонтери  и  Е.Г. „Грин Пауер“ во изминатите две години, кога се обидоа и успеаја да го олеснат  движењето во планина. За овој период тие измаркирале над педесет километри патеки. Комплетно е обележана патеката од село Папрадиште до врвот Даутица, а маркирана е и кружната патека до најпосетуваниот врв Солунска глава.

„Ние одлучуваме“, „Бараме промени“, „Можеме подобро“ беа звучните пораки кои ги слушаа велешани од озвучениот автомобил кога денеска минеше низ велешките главни улици. Тој е дел од истоимената кампања, поддржана од дваесеттина невладини организации во Македонија, која има за цел да ги мотивира и охрабри граѓаните да не се плашат да пријават притисок или уцена и исто така да излезат и според лично убедување да гласаат на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, годинава.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново