Толку млад а почнал да истражува, ни помалку ни повеќе туку за најгорливиот проблем што со децении ги тиштеше велешани, загадувањето на животната средина. Ученикот Коре Ацевски, во прва година во Гимназијата Кочо Рацин, храбро и одважно почнал да собира информации, факти и податоци за еколошката состоба во неговиот град. Читал разни статии поврзани со оваа тема, а се консултирал и со експерти кои речиси целиот свој живот го посветија на борбата против тридецениското загадување на Велес од Топилницата. Кога ги собрал информациите ги ставил на лист хартија и така ја напишал новинарската статија на тема „Загадувањето во Велес некогаш и сега“.

Продолжуваат разговорите на политичките партии за медиумите, како обврска од Пржинскиот договор. Со помош на посредниците на меѓународната заедница постои план како тоа да се направи и реши, рече денеска евроамбасадорот Аиво Орав во Велес во одговор на новинарско прашање за тоа дали постојат најави кои се однесуваат на продолжување на преговорите на четирите политички партии за затворање на прашањето за медиумите. Амбасадорот Орав искажа убеденост дека за ова прашање политичките партии продолжиле меѓусебно да контактираат.

Што треба да направиме медиумите во Македонија да бидат послободни во нивното известување и како да ставиме крај на нивната зависнот од една или друга политичка партија. Вакви и слични прашања во врска со медиумската слобода денеска им поставија средношколците, пензионерите и останатите граѓани на Велес, присутни во општинската сала, на амбасадорите на ЕУ и Холандија Аиво Орав и Вилем Ваутер Пломп.

Немаше граѓанин на Велес што не го познава фотографот Душко Илиевски. Беше добар човек и голем професионалец. Љубезен кон сите и особено наклонет кон сиромашните зашто и тој како сирак, уште во рано детство, останал без мајчината љубов и долго години потоа ја чувствувал горчината на немаштијата. Овој фотограф бил роден во 1925 година во повеќедетното семејство на бакалџијата Лазо во населбата Дворови. Кога Душан имал само шест месеци починала неговата мајка Анастасија. Татко му се преженил и во 1934 година заминал во Америка па така Душко останал и без таткова грижа. Останат на грижата на маќејата единаесетгодишниот Душко морал да почне да учи занает кај познатиот мајстор бербер Подалеш.

Во моментов сме во фаза на вадење на техничка документација за експлоатација и приготвување на елаборати за заштита, не можеме да ви одговориме на прашањето кога ќе започне дислокацијата затоа што тоа зависи од техничката документација и еколошкиот елаборат. Предвидуваме јавна промоција на двата документи пред велешани штом бидат готови, стои во писмениот одговор на скопската фирма Екоцентар 97, избрана пред месец и половина за концесионер на топилничарската депонија во Велес.

Македонските граѓани конзумираат релативно здрава храна бидејќи почвата  се уште не е толку загадена како во други земји. Но проблем претставува увезената храна за која нема гаранција дека е квалитетна. Иако храната се контролира од аспект на хемиска, биолошка и физичка безбедност, сепак Генетски модифицираната храна се уште никој не ја контролира. Ова го покажуваат податоците од истражуавњето на стручните лица од технолошко-техничкиот факултет во Велес.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново