Повреден е полицаец, синоќа еден час по полноќ, во село Горно Оризари додека се обидувал да сопре товарно моторно возило натоварено со бесправно исечени дрва. Камионот марка „фап“, без регистерски таблички,  го управувал Н.А.(43) од село Бузалково.

Неофицијално бројката изнесува 20 а официјално станува збор за 14 работници. Утрово,на првиот работен ден, нововработените дошле во зградата на Управата на претпријатието што кај дел од старите работници предизвика револт. Тие беа први што реагираа дека согласно членот 8 А од Изборниот законик и на шеесет и пет дена пред одржување на локалните избори, во „Дервен“ не треба да се вработуваат нови работници.

Проектот за климатска рехабилитација на велешките деца погодени од загадувањето на Топилницата е 15 годишен проект на Здужение на граѓани за грижа за здраво поколение и за прв пат почна да се реализира во време на Влада предводена од СДСМ, реагираше денеска Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Велес. Од таму обвинија дека ВМРО ДПМНЕ се обидел да креира лажна слика пред граѓаните кога соопштил за годинешното нереализирање на средствата од Проектот за климатска рехабилитација на велешките деца погодени од загадувањето на Топилницата.

Во соборниот храм Св Великомаченик Пантелејмон во Велес синоќа со празнична прoграма во организација на Епархијата Повардарска и Општина Велес, почна чествувањето на светецот, заштитник на градот Велес.

Помор на риби вчера по 15 часот, е забележан од страна на граѓани на реката Тополка кај Превалец, кај испустниот канал од фабриката за вар се по течението на Тополка, до вливот во реката Вардар.

Опомена пред исклучување поради неплатени сметки за вода во вкупен износ од 10 милиони и 500 илјади денари стигнала вчера, на 7 август, во ЈЗО Општа Болница Велес токму на денот кога во фотељата седна новиот директор. Јавното комунално претпријатие „Дервен“ ја опоменува болницата да си го плати заостанатиот долг од изминатите 2,5 години. Директорот д-р Митко Стровјаноски смета дека опомената е тенденциозна затоа што стигнала штом тој го превзел раководењето со Болницата.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново