Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

1

26.02.2021

Теренската анкета се состои од 36 прашања на кои родителите, од различни етнички заедници, што живеат на територијата на градот Велес и во четири населени места во општината,на кои одговараат анонимно. Нив анкетарите ги прашуваат за тоа колку се упатени и можат да ја следат онлајн наставата, каква е и колку е редовна комуникацијата со класните раководители и раководителки или наставничките и наставниците, се одржуваат ли родителски средби и какви информации добиваат, имаа ли проблеми со обезбедување на дополнителна ИТ опрема и интернет за своите деца?

Ова се само дел од прашањата кои треба да понудат одговори за потребите на проектот: „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање “ што граѓанската организација го реализира од лани, од декември месец.

154123503 426303911806758 3039581205638780927 n-

Задоволни сме од одзивот на родителите во населба Горно Оризари. Во денешното анкетирање добивме одговори од 20 родители на ученички и ученици од бошњачката заедница. Сметам дека тие дадоа сериозни одговори со корисни ставови како и предлози што според нив треба да придонесат за отстранување на недостатоците и уште подобро реализирање на онлајн наставата. Со запазување на сите здравствени протоколи анкетарите работат лице во лице со родителите. Им благодариме што одвоија време и што веднаш штом ги контактиравме прифатија да бидат дел од нашата проектна активност. Благодарност и до училиштето „Рајко Жинзифов“ што отстапи простор за реализирање на анкетирањето, рече координаторката на проектот Ангела Давчевска.

Анкетирањето на родителите Македонци е веќе завршено во Велес. Викендов ќе бидат анкетирани родители од останатите етнички заедници како Роми, Турци и Власи. Исто така акетарите ќе ги посетат и селата Иванковци, Башино Село и Бузалково. И таму ќе анкетираат родители на ученички и ученици.

Во понеделник ќе се знае точниот број и на ученички и ученици како и нивните одговори поврзани со образованието како дел од првата анкета што проектниот тим ја подготви за нив. Таа се изведуваше онлајн во сите основни и средни училишта во Велес и во четирите населени места. Неа ја одговараа ученици од осмо и девето одделение во основните и од втора и трета година во средните училишта.

2

-Дополнително, проектниот тим на фондацијата ќе работи и со членовите на општинската Комисија за еднакви можности, службите, Градоначалникот и Советот на Општина Велес со цел распределба на буџетот за образование за 2022 година во согласност со потребите утврдени кај ученичките и учениците од повеќе етнички заедници кои живеат во Велес, додаде Давчевска.

Проектните активности ќе завршат со подготовка на Анализа што јавно ќе биде промовирана како и со создавање на база на податоци.

Проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање “ се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежа за родова еднаквост.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново