Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

postaaa1

26.02.2021

Се враќа повторно како услуга плаќањето на сметки и во готово на шалтерите на Македонска пошта. Од понеделник велешани повторно сметките за потрошена вода, струја, данок на имот и други видови на плаќања ќе можат да ги извршуваат на шалтерите во градската Пошта.

Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, потпишаа договор за реализирање на платниот промет на Поштата и Халкбанк ја исполни својата обрска што се состоеше во тоа што до први март беше потребно да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.

Платниот промет, во првата недела на месец март освен во поштите во Скопје ќе биде достапен и во подружницата во Велес како и во 13 подружници меѓу коишто е и Кавадаречката, во Вардарски плански регион.

До крајот на месец март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Македонска Пошта.

Стефани Манева

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново