Нападната велешанка од страна на непознат маж, се обидел да ја силува
Објавено на 20 јануари, 2021 во 12:09
20.01.2021
Од Сектор за Внатрешни работи соопштија дека вчера вечер околу 23 часот Н.Р (38) која се враќала од работа, била нападната од страна на непознат маж, со обид да ја силува.
– Околу 23.00 часот кога се враќала од работа Н.Р (38) на ул.„Димитар Влахов“, кај „ДОЗ“, непознат маж ја нападнал од зад грб, првин за половината, а потоа ја стиснал силно за задникот и меѓу нозете. – соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР- Велес.
Таа успеала да се ослободи од него и се јавила во полиција, по што, напаѓачот побегнал.
Се работи на пронаоѓање на лицето.
Стефани Манева
#СВР-Велес #НепознатМаж #Силување #Полиција #ПронаоѓањеНаЛицето