Опаѓа бројот на болнички ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 19 јануари, 2021 во 14:40
19.01.2021
Во Општа болница Велес денеска хоспитализирани се вкупно 29 ковид пациенти од кои 25 се потврдено позитивни,еден е сомнителен и три пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Сепак бројот на пациенти на кислородна поддршка е висок поточно 11 или приближно половина од болните.
Денеска од болницата испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение се лекуваат 25 ковид болни додека четири на Интерно одделение.
Стоилко Андреевски