Казнети 31 лице за не носење заштитна маска, 18 од нив се велешани
Објавено на 18 јануари, 2021 во 13:31
18.01.2021
Секторот за внатрешни работи Велес во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентира вкупно 31 лице.
Од нив казнети се 18 граѓани во Велес, пет лица во Кавадарци и осум во Неготино.
-Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки. – соопшти потпаролот Верољуб Додевски.
Од Секторот за Внатрешни Работи Велес апелираат почитување на мерките за ковид-19 со цел спречување на вирусот.
Стефани Манева
#носењеличназаштита #евидентирани32лица #градВелес #градНеготино #градКавадарци #почитувањенамерки #ковид-19 #НосамМаска