Нема ни трага ниту глас од двете велешанки кои исчезнаа од својот дом (ФОТО)
29.12.2020
Семејството и полицијата ги бара невенчаната седумнаесетгодишна сопруга Ц.Д и една година постарата сестра Н.Ф на велешанецот О.Ф (22) но ни по два дена од пријавувањето во Полициска станица Велес од нив нема ни трага ниту глас. Секторот за внатрешни работи Велес поделил фотографии на полициските службеници и го пријавил случајот во Министерството за внатрешни работи.
– Потрагата трае но засега нема конкретни информации што можеме да ги соопштиме на јавноста, рече портпаролот Верољуб Додевски.
Осумнаесет годишната Н.Ф. и една година помладата невенчана сопруга на нејзиниот брат исчезнаа на 27 декември, годинава. Тие заедно излегле од нивниот дом во Велес, околу 10 часот, и до денеска не се вратиле.
На социјалните мрежи пуштени се фотографии на двете девојки. Семејството и полицијата бараат соработка од граѓаните кои доколку ги забележат можат да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.
Убавка Јаневска