Вчера попладне починаа двајца пациенти од ковид-19 во велешка болница
Објавено на 29 декември, 2020 во 14:49
29.12.2020
Жена на 75 годишна возраст од Велес, лекувана два дена на Инфективно одделение и маж на 77 годишна возраст од Градско, лекуван два дена на Инфективно одделение се новите жртви на коронавирусот.
Бројот на починати во велешко изнесува 92 ковид пациенти.
Во Општа болница Велес денеска се хоспитализирани 38ковид пациенти од кои 31 се потврдено позитивни и 7 пациенти со негативен тест но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти, рече портпаролката д-р Елеонора Јованова.
Од вкупниот број, на Инфективно се лекуваат 34 ковид пациенти додека 4 на Интерно одделение.
Стоилко Андреевски