Исчезнати жена и девојка од Велес, седум казнети возачи за непрописно престигнување како и 28 граѓани без заштитни маски
28.12.2020
Викендов, поточно вчера, недела 27 декември во Полициската станица Велес дваесет и двегодишниот О.Ф. од Велес пријавил дека неговата невенчана седумнаесетгодишна сопруга заедно со неговата осумнаесетгодишна сестра Н.Ф. околу 10.00 часот излегле од дома
и до време на пријавувањето не се вратиле. Од полицијата информираа дека превзеле мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатите лицата.
Исто така, вчера, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Велес во временски период од 08:00 до 16:00 часот на подрачјето на СВР Велес реализирале засилена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Во акциската контрола биле евидентирани и казнети седум возачи. Пет од нив неправилно престигнувале во Велес, еден во Кавадарци и еден во Неготино.
Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници евидентирале и казниле вкупно 28 граѓани во три градови што се дел од Секторот за внатрешни работи Велес. Од нив 19 се велешани , четири во Кавадарци и пет во Неготино.
-Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски