Се намалува бројот на болнички ковид пациенти, бројот на активни на вирусот зголемен за 17 велешани
24.12.2020
Во Општа болница Велес денеска на болничко лекување се вкупно 36 ковид пациенти. Од нив 25 се потврдено позитивни, еден не е потврдени додека 10 пациенти со негативен тест се сеуште на болничко лекување поради потребна здравствена нега и грижа од здравствените работници.
Од вкупниот број ковид пациенти 12 се на кислородна поддршка.
-Испишани се 4 оздравени пациенти, со по еден негативен брис. Од вкупниот број на пациенти на болничко лекување 31 се на Инфективно одделение и 5 на Интерно одделение, рече портпаролката д-р Оливера Јованова.
Според податоците на Центар за јавно дравје Велес денес во Велес се регистрирани 17 новозаболени граѓани од вирусот ковид-19. Со нив вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата во велешко изнесува 2675 додека оздравени се вкупно 1967 ковид пациенти.
Во велешко има активни 623 граѓани. Освен на Инфективно одделение во велешка болница има и шест велешани што се лекуваат во приватни клиники во Скопје додека 596 болни сограѓани се лекуваат во домашни услови.
Убавка Јаневска