Нема ковид болни на Физикална во Велес, одделението е ставено во времено мирување
23.12.2020
Во Општа болница Велес денеска вкупно се хоспитализирани 39 ковид пациенти од кои 32 се потврдено позитивни, двајца се непотврдени и пет пациенти се со негативен тест, но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 11 пациенти.
Од болницата испишани се двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен брис.
Од вклупниот број на ковид пациенти кои се лекуваат во болницата 33 се на Инфективно одделение и шест на Интерно одделение.
-На Одделот за физикална терапија и рехабилитација, наменет како Ковид центар, моментално нема хоспитализирани пациенти и е ставен во времено мирување, рече портпаролката на Општа болница Велес д-р Елеонора Јованова.
Центарот за јавно здравје Велес соопшти дека денеска се регистрирани 25 заболени од коронавирус со што вкупниот број во велешко, од почетокот на епидемијата,изнесува 2658 пациенти. Оздравени се 15 ковид болни или досега во велешко вкупно 1994 пациенти.
Заразното заболување беше кобно за 85 велешани. Во велешко активни на ковид-19 се 629 сограѓани.
-Велешани на болничко лекување, освен на Инфективно одделение во Општа болница Велес, има и шест во приватни клиники во Скопје како и 603 во домашни услови, рече в.д директорката на Центар за јавно здравје Велес д-р Весна Николовска Неделкова.
И Министерството за здравство во изминатото деноноќие регистрира 25 новозаболени велешани, 31 кавадарчани, шест светиниколчани и 14 неготинци од ковид-19 во вардарски регион.
Починат е еден пациент од Кавадарци на 56 годишна возраст.
Во исто време Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 12 велешани, двајца кавадарчани, пет светиникочани и еден неготинец.
Убавка Јаневска