Вкупно казнети 57 граѓани без маски на отворено, од нив 37 велешани
Објавено на 22 декември, 2020 во 15:22
22.12.2020
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Велес во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирале вкупно 51 лица.
Од вкупниот број на непочитувачи на уредбата која пропишува задолжително носење на заштитна маска од моментот на излегување од домот 37 се во Велес, четири во Кавадарци и десет во Неготино.
-Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски