По еден починат велешанец од ковид-19, денеска и вчера, на болничко лекување, се зголемува бројот на болни на кислородна поддршка
5.12.2020
Вчера попладне починат е маж од Велес на возраст од 77 години хоспитализиран пред 10 дена како позитивен на Ковид-19. Како што дознава Дума.мк, во четвртокот кон петокот ,ноќта, исто така починат е и маж од Велес, на 80 годишна возраст, кои со два негативни теста се лекувал на Интерно одделение поради потребна доплнителна здравствена нега. Иако се водел како излекуван, сепак на старецот, нагло му се влошила состојбата и тој починал.
Портпралоката на Општа болница Велес, др. Весна Николовска Неделкова го потврди овој случај со летален исход.
Денеска вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешка болница изнесува 67 од кои 54 потврдено позитивни на вирусот, 10 сомнителни и 3 со негативни тестови.
Од нив 28 пациенти се на кислородна поддршка што како податок говори за висок процент на ковид пациенти на кои им е потребна помош за олеснување на дишењето. Највисок број на болнички пациенти на кислородна поддршка, вкупно 30, болницата имаше на почетокот на минатиот месец.
Денеска од Инфективно одделение се испишани тројца пациенти со два последователни негативни теста, како оздравени.
На Инфективно во моментов се лекуваат 50, на Одделението за Физикална медицина и рехабилитација 8 додека на Интерно одделение 9 пациенти што се водат како оздравени но сеуште се зависни од медицинска помош и нега.
Убавка Јаневска