Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Veles celokupenizgledpredIISvetskavojna fin

5.12.2020

Почнувајќи од денеска, Дума.мк, во 10 дела ќе ги објави податоците од истражувањето на Проф.д-р Ѓорѓи Малковски, редовен професор во Институтот за национална историја и проучувач на македонската историја од 1912/13 до 1991 година и Велешанец што инаку тој лично и ги отстапи на Дума.мк, со цел Велешани да се запознаат со историјата на својот град, општината, да ги пронајдат своите предци и да покажат интерес, можеби, за формирање на семејните стебла. Материјалот е интересен од повеќе аспекти затоа што нуди информации за кои младите Велешани досега и не слушнале додека постарите за да ги потсети кои семејства каде, поточно во кои маала и сокаци или улици живееле, како тие така и нивните роднини и пријатели Велешани. На насловната фотографија е доловена панорама на Велес непосредно пред Втората светска војна

 

Во македонска историографија досега нема пронајдено или објавено детален оригинален пописен материјал за бројот на фамилиите по презиме, по име на улица и по број на куќа за било кој град во Македонија. Статистички показатели за бројната состојба во Велес наоѓаме во неколку германски и бугарски официјални документи од периодот на Втората светска војна. Првиот документ е од времето на германската управа во Велес, односно од 14 април 1941 година. Во овој германски документ, односно во Заповедта под број 1, потпишана од првиот германски управител на Велес, капетанот Литке,се констатирало и утврдило воспоставувањето на германската власт, односно команда во градот. Покрај политичко-безбедносните и економско-социјалните утврдени норми, со Заповетта се утврдила и новата административна поделба во околијата , според која, Велешката околија била поделена на девет општински окрузи и тоа:

1.Отовица со селата: Ветерско, Рудник, Иванковци, Чука, Сопот, Сојаклари, Мамутчево, Кумарино, Новачани, Башино селои Чалошево;
2.Раштани со селата: Карабуњиште, С`лп, Белештевица, `Рлевци, Бузалково, Сливник, Бањица и Горно Оризари;
3.Долно Јаболшичте со селата: Горно Јаболчиште, Дреново и Горно Врановци ; 4.Чашка со селата: Лисиче, Мелница, Горно Раковец, Еловец, Ново Село, Голозинци и Крива Круша;
5.Богомила со селата: Нежилово, Папрадиште, Црешнево, Бистрица, Согле, Теово, Мокрени, Габровник, Ореов дол, Ореше и Капиново;
6.Извор со селата: Стари Град, Долно Врановци, Мартолци, Железничка станица „Јован Бабунски“,Оморани, Поменово, Степанци, Уши, Смиловци, Владиловци и Крнино;
7.Војница со селата: Долно Оризари, Витанци, Бусилци, Ораовец и Крајници; 8. Згрополци со селата: Ново Село, Бабуна, Црквино, Грнчиште, Скачинци, Сува Река, Кочилари, Томиславово и Богаевци и
9.Долно Чичево со селата: Водоврати, Двориште, Горно Чичево, Подлес, и Попадија.
Градот Велес броел околу 15.000 жители.

На 26 април 1941 година, со посебна наредба под број 1, директорот на Скопската област Антон Козаров му објавил на населението во Велешка околија и во Скопската област дека се воведува редовна работа на бугарските политичко –административни органи во Скопската област. Во наредбата тој изрично воспоставувањето на редовна бугарска власт го означил со зборовите :

"... Објавувам на населението на Скопска област, од денес, 26 април 1941 година, во реонот на истата се установува редовна граѓанска, административна и општинска служба на царство Бугарија...Наредувам сите околиски управители , полициски началници, кметови кои се назначени да отпочнат со својата работа, да ги земат своите должности и да ја установат бугарската власт и нејзините закони во своите реони...".

На тој начин и официјално започнала да функционира бугарската окупаторска власт во Велес и велешко, а престанало функционирањето на дотогашните германски органи на власта во градот и околијата.

Веднаш по утврдувањето на власта, биле назначени и девет кметови во деветте селски општини на Велешката околија 

Во првата селска општина Згрополци , чиј општински центар се наоѓал во село Згрополци биле селата: Згрополци, Горно и Долно Караслари, Грнчиште, Двориште, Кочилари, Ново Село, Ногаевци, Оветено (Свеќани), Скачинци, Сува Гора и Црквино со вкупно 3.049 жители.

Втора селска општина била Војничката со селата: Војница, Бусилци, Витанци, Горно Оризари, Крајници и Ораовец со вкупно 2.332 жители.

Трета била Изворската со селата: Извор, Владиловци, Долно Врановци,Крнино, Мартолци, Оморани, Поменово, Попадија, Смиловци, Стари Град, и Степанци со вкупно 3.463 жители.

Четврта била Лисичката со селата: Лисиче, Горно Врановци, Горно и Долно Јаболчиште и Дреново.

Петта била Богомилската со селата: Богомила, Бистрица, Габровник, Капиново, Мокрени, Нежилово, Ореов Дол, Ореше, Папрадиште, Согле, Теово и Црешнево со вкупно 6.343 жители.

Шеста била Отовичката со селата: Отовица, Башино Село, Ветерско , Ѓуземелци,Иванковци, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Рудник, Сопот, Сујаклари и Чолошево, со вкупно со вкупно 3.948 жители.

Седма била Раштанската со селата: Раштани, Баница, Белештевица, Еленоводица (Бузалково) КарабуништеСливник, Спл и `Рлевци со вкупно 2.198 жители.

Осма била Чичевската со селата : Горно и Доллно Чичево,Виничани Водоврати и Подлес со вкупно 2.940 жители.

Девета и последна била општината Чашка со селата: Чашка, Голозинци, Горни Раковец, Еловец, Крива Круша, Мелница, Ново Село и со вкупно: 2.655 жители.

Вкупно во Велешката административна околија, во 1941 година живееле 45.000 жители од кои 15.000 во градот.

Според списокот на населените места на Беломорската, Битолската и Скопската област, Велешката административна околија, во 1942 година броела 46.217 жители.

Во Велес живееле 14.584 жители, а во село Бабуна, кое било составен дел на велешката градска општина, живееле 30 жители или велешката градска општина броела вкупно 14.614 жители. Според извештајот на велешкиот околиски полициски началник од 20 јуни 1941 година, испратен до обласниот полициски началник во Скопје, во Велес, покрај Македонците, живееле и 819 Роми, 300 Турци и 50 Руси.

Според извештајот пак на кметот на велешката градска општина од 3 септември 1941 година, во Велес живееле 13.383 Македонци (тенденциозно запишани како „Бугари“), 1.120 Турци (претежно Роми) и 120 други народности, или, вкупно, во градот живееле 14.623 жители.

Во 1942 година во Велес била покрената акција за евидентирање на сите фамилии во градот според местото на живеење по улица и број на куќа. Биле ангажирани попишувачи, кои со документ, овластување, оделе по определени улици во градот за да ги евидентираат сите фамилии. Во големи книги (пописници или домовници) педантно се евидентирале сите лица во семејството кои живееле во куќа на одредената адреса. Најпрво било запишувано името, татково име и презимето на главата на семејството (на „домаќинот“), потоа името, татковото име и презиме на жената, а потоа и имињата на нивните деца (машки и женски), на жените на нивните синови или домазетовци на нивните ќерки, како и имињата на сите внуци или правнуци родени до 1942 година.

Имало куќи каде била евидентирана само една личност (маж или жена), кои живееле сами и без деца. Во просек, во скоро сите фамилии во градот, ретко се сретнувале семејства под 3 деца. Тоа најдобро се евидентирало и по бројот на запишани деца во училиштата во градот, бидејќи училиштата станале претесни за прием на сите ученици.

Сакаме да потенцираме уште еден многу важен момент. Имено, покрај тоа што биле попишувани сите членови на едно семејство, истовремено, биле запишувани и годините на раѓање на сите членови на семејството. Па така, обично, најстарите лица во семејството (домаќините или домаќинките) биле запишани дека биле родени од 1851 година па натаму.

Покрај ова, сите имиња на запишаните лица во Велес биле стари повеќе вековни македонски имиња. За жал, дел од тие стари македонски имиња се исчезнати и постојат запишани како историско сведоштво само во овој пописник. Врз основа на ова, скоро сите велешки фамилии можат да го искористат овој пописник за изработка на семејно стебло со оригинални податоци од средината на 19 век.

Проф.д-р Ѓорѓи Малковски,

редовен професор во Институтот за национална историја

(Продолжува)

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново