Еден починат велешанец и 63 ковид пациенти во велешка болница
29.11.2020
Починатиот е на воздраст од 67 години, потврдено позитивен на коронавирус. Пациентот почина вчера вечер околу 21 часот, соопштија од Општа болница Велес. По неколкудневниот бран на опаѓање на бројот на ковид пациенти на болничко лекување денеска во болницата повторно се лекуваат вкупно 63 пациенти.
Од нив 55 се потврдено позитивни, 3 сомнителни и 5 пациенти се со негативни тестови. Од вкупниот број на пациенти 22 се на кислородна поддршка.
Најголем број на болнички пациенти има на Инфективно одделение поточно 45 додека на Физикална 13. На двете одделенија има вкупно 18 празни болнички легла.
На Интерно одделение каде се лекуваат само пациенти кои се излекувани но сеуште имаат потреба од здравствена нега се наоѓаат 5 пациенти. И таму има 10 празни болнички легла.
Убавка Јаневска