По достигнатиот пик од 80 се намалува бројот на ковид пациенти, во велешка болница има 23 слободни легла
28.11.2020
Ден без починати и со намален за три бројот на пациенти на кислородна поддршка. Во велешка болница денеска се лекуваат вкупно 59 пациенти од кои 50 потврдено позитивни, двајца сомнителни и 7 со негативни тестови. Од нив 25 пациенти се на кислородна поддршка.
Од болничко се лекување испишани се 5 пациенти како оздравени, со два последователни негативни теста.
Најголем број од нив се ковид пациенти на Инфективно одделение, поточно 43 со што на одделението има 11 слободни легла. На Одделението за физикална медицина и рехабилитација се лекуваат 11 ковид пациенти со полесни симптоми. Таму има слободни 13 болнички легла. На
Интерно одделение се сместени само 5 веќе оздравени пациенти на кои сеуште им е потребна здравствена нега.
Стоилко Андреевски