Жена касната од домашен љубимец на Којник и казнети 66 граѓани што не носеле заштитна маска
Објавено на 27 ноември, 2020 во 14:56
27.11.2020
Вчера вечер во 21.00 часот во Полициската станица Велес Д.П.(45) од Велес пријавила дека, околу 20.30 часот била нападната од куче домашен миленик. Каснувањето на жената се случило додека таа се движела по ул.„Славе Петков“.
Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита Секторот за внатрешни работи Велес евидентира вкупно 66 лица. Казнети се 48 во Велес, 12 во Кавадарци и шест во Неготино.
– Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски