Почина светиниколка од ковид-19 и итно транспортирана позитивна велешанка на Нефрологија во Скопје
24.11.2020
На Инфективно одделение во велешка Општа болница вчера вечерта почината е пациентка од Свети Николе на 56 годишна возраст која била потврдено позитивна. Денеска, пациентка на 73 години од Велес, потврдено позитивна,е префрлена на клиника за Нефрологија поради влошена бубрежна болест.
Според информациите на портпаролката на Општа болница Велес, др Весна Николовска Неделкова, денеска се лекуваат вкупно 76 пациенти од кои 64 потврдено позитивни, 5 сомнителни и 7 со негативни тестови.
Од нив 27 пациенти се на кислородна поддршка или тројца ковидпациенти помалку од вчерашниот ден.
Најголем дел од пациентите поточно 49 се болнички сместени на Инфективно одделение што значи дека одделението има капацитет да прими уште пет пациенти. На Одделението за Физикална медицина и рехабилитација денеска се лекуваат 16 пациенти и има осум празни болнички легла.
На Интерно се сместени 11 суспектни или пациенти на кои сеуште им е потребно лекување иако се со негативен тест или 4 помалку од расположливиот капацитет на Одделот Б – тракт.
Стоилко Андреевски