Шеесет и три болни од Ковид-19 се лекуваат во Општа болница Велес
Објавено на 11 ноември, 2020 во 14:31
11.11.2020
Од вкупниот број на хоспитализирани, 63 пациенти девет се сомнителни и 52 потврдено позитивни.
Педесет и еден пациенти се сместени на инфективното одделение, 11 на одделението за физикална медицина и еден на интерно одделение. Од нив 20 се на кислородна поддршка.
Според портпаролката на Општа болница Велес, др Весна Николовска Неделкова, денеска тројца пациенти се испишани од Инфективното одделение со два последователни негативни тестови.
Стоилко Андреевски