Адвокат Николова именувана за државен правобранител на Велес и секретарот на Основен суд,м-р Костова Коцева за Кавадарци
11.11.2020
На предлог на Комисијата за именување, Владата согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на Република Северна Македонија, за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Велес ја именува Валерија Николова.
Николова е дипломиран правник 25 години со положен правосуден испит во 1996 година и вкупно работно искуство од скоро две децении , под догоров на дело и како стручен соработник, во Основен суд Велес.
Именуваната државна правобранителка за подрачјето на Велес доаѓа од позиција на адвокат во сопствена адвокатска канцеларија отворена пред седум години.
Именувањето на Николова се случи на синоќешната, 19 седница, на Владата откако претходно добила позитивно мислење од Државниот правобранител на Република Северна Македонија.
Владата освен Николова именуваше уште 18 државни правобранители. Во вардарски регион именуванувана за државна правобранителка за подрачјето на Кавадарци е м-р Сузана Костова-Коцева.
Таа е дипломец на УКИМ во 1996 година и три години подоцна со положен правосуден испит. По две годишно волонтирање во Основен суд Кавадарци, како стручен соработник, во 2000 година преминала во адвокатура поточно отвора сопствена Адвокатска канцеларија во Скопје, каде работи две години.
Потоа м-р Костова-Коцева од 2002 година е повторно вработена во Основен суд Кавадарци, прво како стручен соработник и од 2007 година е Раководител на служба или Секретар на судот. Една деценија подоцна ја одбранила и магистратурата по правни науки. Во моментов таа е предавач на Академија за судии и јавни обвинители , за обуки за судски службеници, како и Потпретседател на Здружението на судска администрација на Македонија.
Со именувањето на м-р Костова Коцева за државен правобранител, кавадаречкото државно правобранителство ќе работи со двајца правобранители. Претходно тоа функционираше само со правобранителката Лидија Бошкова.
Помеѓу именуваните се и петмина за Државното правобранителство за подрачјето на Скопје, двајца за подрачјето на Куманово и по еден за подрачјата Охрид, Струмица, Гевгелија, Штип, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово, Гостивар и Струга.
Убавка Јаневска