Нови 36 граѓани казнети за не носење на заштитна маска на подрачјето на СВР Велес
Објавено на 11 ноември, 2020 во 12:53
11.11.2020
Во изминатите 24 часа од полициските службеници од Секторот за внатрешни работи- Велес се изречени вкупно 36 казни за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, информира портпаролот на СВР Велес – Верољуб Додевски.
По овој основ казнети се 23 лица во Велес, девет во Кавадарци и четири лица во Неготино.
Малиот број на изречени казни може да укажува на тоа дека граѓаните стануваат се по дисциплинирани и се придржуваат кон Уредбата за носење на лична заштита на отворен и во затворен прстор.
Мите Јаначков