Двајца починати пациенти и 67 пациенти на лекување од Ковид-19 во велешка болница
10.11.2020
Жена на 68 години од село Виничани, вчера попладне примена, во тешка состојба, со ниска сатурација и маж од Велес на иста возраст кој по тридневно лекување на Инфективно одделение во Општа болница Велес нагло му се влошила состојбата се двајцата починати ковид пациенти.
Денеска на трите одделенија во болницата, Инфективно, Интерно и Физикална се лекуваат вкупно 67 пациенти. Од нив 56 се пациенти на Инфективно додека 11 се сместени на одделението за физикална медицина. Освен пет кој се сомнителни сите останатите се потврдено позитивни. На Б-тракт на Интерно одделение на лекување се примени двајца сомнителни пациенти. Од вкупниот број или 67 лежечки пациенти на кислородна поддрша се 20.
Денеска тројца ковид пациенти се испишани, по добиени резултати од еден негативен тест и тие се веќе евидентирани како оздравени.
Како што вчера попладне информираше Дума.мк, жена на 62 годишна возраст од Велес, потврдена позитивна со отежнато дишење и ниска сатурација, е примена во велешка болница и веднаш транспортирана на Клиника „Жан Митрев“ во Скопје.
Убавка Јаневска