Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Rontis fin

30.10.2020

Поради откриени асимптоматски случаи на Ковид-19, во тестирање што на работниците им го плати компанијата, менаџерите на „Ронтис“ одлучија сите да не работат во наредните 11 дена. Причина за ваквата одлука се резултатите на неколкумина работници, позитивни на коронавирус како асимптоматски случаи.

Повод за тестирањето на вработените, исто така, бил и зголемениот бројот на позитивни случаи на ковид-19 во општина за што менаџерите на „Ронтис“ во писменото соопштение велат дека биле поттикнати на трошок на компанијата да го организираат превентивното тестирање на дел од своите вработени.

„При тестирањето дијагностицирани се неколку позитивни случаи,кои се асимптоматски. Во интерес на здравјето на сите наши вработени, нивните семејства и јавното здравје, веднаш по добивањето на резултатите, Ронтис како општествено одговорна компанија, одлучи привремено целосно да ја затвори фабриката. Сите вработени ќе бидат исплатени во целост, како да доаѓале на работа.Планирано е повторно да се отвори фабриката на 10-ти Ноември 2020 година, по претходно организирано тестирање на ситевработени, повторно на трошок на компанијата, и вонредно специјално дезинфицирање на фабриката. Доколку се случи и на ова тестирање да се појават вработени кои се позитивни на Covid-19, тие ќе бидат изолирани, а останатите вработени ќе почнат со работа“, пишува во соопштението за јавност на „Ронтис“.

Тие објавија дека нивните вработените кои што се позитивни, се чувствуваат добро и се без никакви симптоми.

„Заради ширењето на вирусот, апелираме уште еднаш на држење дистанца, одржување на хигиена и останување дома. Само со почитување на превентивните мерки и препораките на Министерството за здравство,можеме да си помогнеме и да ги надминеме сите предизвици во овие тешки моменти. На нашите колеги и сограѓани кои се борат со овој вирус, им посакуваме што поскоро закрепнување, а сите останати да останеме безбедни и во добро здравје,“ пишуваат менаџерите на „Ронтис“./С.А

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново