Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kocevski fin

30.10.2020

637 заболени, 349 оздравени , 259 се активни и 29 починати велешани од Ковид-19 од почетокот на епидемијата до денеска. Овие бројки говорат за сериозната состојба со инфективното заболување во Велес. Од заболените на домашно лекување се 226 додека 28 се лекуваат болнички, во Велес на инфективно одделение, 3 во приватни здравствени институтуции во Скопје, како и две родилки на ГАК во Скопје. Оваа здравствена слика од перспектива на денешниот ден говори за крајно алармантната состојба во Велес со заразното заболување, предочи градоначалникот Аце Коцевски.

- Сите да извчелеме соодветни поуки и своето однесување да го прилагодимесо цел да не се доведува во прашање нашето, здравјето на најблиските и воопшто јавното здравје затоа што состојбата стана алармантна во последните неколку дена кога бројот на позитивни во Велес е далеку повисок од просекот со кој Велес учествува во вкупниот број на население во државата. Тоа треба сите сериозно да не загрижи, бидејќи градот е многу податлив за пренос на инфекцијата а голем број на граѓани секојдневно патуваат на работа во Скопје, Кавадарци, Куманово и Штип, додаде Коцевски.

Денеска на Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат од коронавирусот вкупно 47 пациенти. Од нив 37 се позитивни а не потврдени се 10 додека на кислородна поддршка се 14 пациенти. Од вкупниот број 47 велешани се 40, од Свети Николе се пет и по еден од Градско и од Струмица. За разлика од претходниот бран сега пациентите кои се лекуваат во велешка болница се со средно тешки и тешки симптоми.

- Во болницата се прават максимални напори да дадат квалитетни услуги за сите пациенти, се реорганизираат за работата да биде беспрекорна. Упатувам уште еднаш огромна благодарност до вработените во здравствените институции. Досега во велешка болница се починати 12 пациенти. Од медицинскиот персонал во болницата седум се позитивни на коронавирус, седум се сомнителни и се наоѓаат во изолација. За сите со сигурност може да се потврди дека се инфицирани од надвор затоа што уредно се придржуваат на здравствените мерки сите здравствени работници и од тој аспект нема никакви проблеми, додаде Коцевски.

Поради вознемиреноста на поголемиот број на граѓани предизвикана од заразната болест тој со смирувачки пораки се обрати до сите граѓани на градот и упати апел:

-Здравствените институции ќе направат се што е во нивна надлежност сите пациенти на кои ќе им биде потребна лекарска помош да ја добијат воопшто не треба да се грижат за тоа. Интензивно се работи на пронаоѓање на алтернативни решенија за обезбедување на дополнителни болнички кревети или во Физикално одделени на Општа болница Велес или во Болницата во Јасеново не е важно. Важно е дека граѓаните треба да бидат спокојни дека доколку им затреба медицинска нега тие ќе бидат уредно примени и соодветно третирани односно лекувани во наредниот период, рече Коцевски.

Во моментов нема здравствен персонал од Велес испратен на испомош во Скопје иако биле побарани пет сестри двајца лекари затоа што се потребни на здравствените институции во нашиот град за квалитетна нега на заразените и потенцијално заразените од Ковид-19./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново