Почина маж на 58 години од Ковид-19 на Инфективно одделение во велешка болница
Објавено на 26 октомври, 2020 во 11:30
26.10.2020
Починатиот маж е од село Богомила, во Општина Чашка. Тој почина утрово во 8:30 часот откако на одделението се лекувал четири дена. Тој бил хронично болен и се лекувал од покачен крвен притисок. Станува збор за свештеник на МПЦ.
Починатиот пациент е 24 жртва на вирусот во велешко и 10 починат во изминатата недела.
Во моментов, според портпаролката на јавната здравствена институција др Весна Николовска Неделкова, на инфективното одделение се лекуваат вкупно 41 пациент, од кои 32 се позитивни на коронавирус, за 9 што се водат за сомнителни се чекаат реаултати од земен брис и 15 пациенти се на кислородна поддршка.