22 жртва на Ковид-19 во Велес е жена, за пет часа нови пет заразени се примени на болничко лекување на инфективното одделение
24.10.2020
Жената била на 61 годишна возраст примена на 17 октомври, годинава со висока температура и со по тешка клиничка слика, ниска сатурација, за што било потребно постојано да биде на кислородна поддршка. Таа починала попладнево во 17 часот. Таа е 22 жртва од почетокот на епидемијата на корона вирус во градот и осма неделава. Нови пет заразени пациенти во изминатите пет часа се на болничко лекување.
Како што дознава Дума.мк починатата жена била работничка, најверојатно во велешка конфекција.
Според д-р Весна Николовска Неделкова за пет часа зголемен е и бројот на лежечки пациенти на Инфективното одделение во велешка болница. Веќе се примени пет нови пациенти иако бројот на прегледани е неколку пати зголемен.
Сега на одделението лежат вкупно 39 лежечки пациенти. На кислородна поддрша во моментов се 10 пациенти./У.Ј