Ден со шест новозаразени велешани и без оздравен според министерството за здравство а според велешка болница со тројца оздравени од Ковид-19
24.10.2020
Шест новозаразени сограѓани со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа од страна на министерството за здравство. Освен велешани во изминатотот деноноќие нови ковид случаи има во Кавадарци пет, во Свети Николе два и во Неготино девет.
Во првиот ден од овој викенд, во кој црниот биланс изнесува 14 починати пациенти нема велешани.
Но и евиденцијата на Институтот за јавно здравје покажува дека денеска нема оздравени велешани. Во вардарски регион регистриран е само еден оздравен пациент од Свети Николе.
Наспроти овие податоци, евиденцијата на Инфективното одделение на Општа болница Велес покажува регистрирани три оздравени пациенти со два последователни негативни теста, кои се испратени на домашно лекување како оздравени
Според портпаролката на Општа болница Велес, д-р Весна Николовска Неделкова денеска на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 34 пациенти од кои 26 се потврдено позитивни додека 8 се сомнителни.
Од нив 10 пациенти се на кислородна поддршка./У.Ј