Повторно двоцифрена бројка: Единаесет новозаразени и двајца оздравени велешани од Ковид-19, рекордер Кавадарци со 41 лица
22.10.2020
Единаест новозаразени во Велес, во Кавадарци 41, во Неготино 10 и во Свети Николе 7 во изминатите 24 часа. Ова се резултатите што за изминатите 24 часа ги објави министерството за здравство и се однесуваат на новозаболени во вардарски плански регион.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира двајца оздравени велешани, во Кавадарци три и по двајца во Свети Николе и во Неготино.
Во Велес бројот на досега заболени се искачи на 469 додека на активни изнесува 120 лица. Во Кавадарци досега се разболеле 394 и активни се 141 лица. Во Свети Николе бројот на заболени од почетокот на епидемијата до денеска изнесува 437 додека активни се 64 лица и во Неготино има досега 106 заболени како и активни 48, од нив 16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија./У.Ј